fbpx
bg_image

Крема за лице за многу сува и иритирана кожа – 40 мл.

2.455,00 ден

ХИДРАТАЦИЈА • СМИРУВАЊЕ
СОК ОД АЛОЕ ВЕРА • CENTELLA ASIATICA (CICA) • БИСАБОЛОЛ

In stock

Баркод: 4752223004766 Шифра: 001026 Категории: 3 , ,

Формулирана со смирувачки екстракт од Centella Asiatica (CICA), познат по своите извонредни хидрантни придобивки, оваа богата hydro-barrier крема веднаш ја смирува многу сувата, дехидрирана, оштетена и реактивна кожа, зајакнувајќи ја заштитната бариера и помагајќи да се врати епидермалниот баланс .

Хиалуронска киселина, смирувачки бисабобол, шеа путер за негување и обновувачките церамиди помагаат во задржување на влажноста, спречувајќи непријатност предизвикана од сувост и знаци на предвремено стареење. Го спречува чувството на затегнатост и чешање на кожата. Дава подобар изглед на тенот, истакнувајќи го здравиот сјај на вашата кожа.

СУВА КАКО ХАРТИЈА?
Дехидрираноста на кожата е состојба која се јавува без оглед на возраста и типот на кожата. Може да биде предизвикана од многу фактори  – оштетување на животната средина, загадување, иритирачки производи, исхрана и стареење. Кожата што не може да задржи вода е повеќе склона на акни, што на крајот резултира со подлабоки брчки.

Многу сува, реактивна кожа, бара интензивна хидратација, обнова на кожната бариера, оклузивни состојки и ефект на моментално смирување.

ДЕРМАТОЛОШКИ ТЕСТИРАНО

Исклучително БОГАТА ТЕКСТУРА
Ултра – богатата текстура ја смирува и обвива вашата кожа во удобност и сјај. Ја зајакнува кожната бариера, формирајќи заштитен слој без да се чувствува мрсно. Ја спречува дехидрацијата, брчките предизвикани од сувост и чувството на сува, затегната кожа.

Научно докажано ја рехидрира кожата.

Ефект на моментално смирување.

  • Сува, дехидрирана кожа?
  • Оштетена, реактивна кожа?
  • Непријатност?

 

ВО ФОКУС:
CICA растението
Богат со полифеноли и тритерпени, ултра-смирувачкиот екстракт од легендарното Centella Asiatica (CICA) растение, ја претвора оваа формула во ботанички центар. Неверојатниот состав на корисни активни состојки дава антиоксидантни, смирувачки и обновувачки својства. Збогатена со хиалуронска киселина, смирувачки бисаболол и екстракт од корен на Северен Божур, оваа уникатна формула рехидрира и смирува многу сува кожа, помагајќи да се подобри вашиот тен за траен сјај и заштита.

Нанесете нежно на чиста кожа. Користете секое утро и навечер, или секогаш кога ќе ја почувствувате вашата кожа сува, затегната и иритирана.

aloe barbadensis (aloe) leaf juice, dicaprylyl carbonate, isoamyl laurate, aqua, glycerin, pentylene glycol, sorbitan olivate, lecithin, polyglyceryl-2 dipolyhydroxystearate, silica, helianthus annuus (sunflower) seed wax, betaine, olea europaea (olive) oil unsaponifiables, sodium chloride, sodium pca, aroma, butyrospermum parkii (shea butter) fruit butter, bisabolol, borago officinalis (borage) seed oil, oenothera biennis (evening primrose) oil, paeonia lactiflora (peonia) root extract, rhus verniciflua (sumac) peel cera, shorea robusta resin, ascorbyl palmitate (vitamin c), cellulose, glycosphingolipids, rubus idaeus (raspberry) seed oil, tocopherol, glycolipids, sodium phytate, centella asiatica (pennywort) leaf extract, ci 77491 (iron oxide), potassium hydroxide, hydrolyzed hyaluronic acid, sodium hyaluronate, citronellol, geraniol, benzyl salicylate, eugenol.

14% состојки од органско потекло
99% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife

Некои состојки на производот можно е понекогаш да се променат/заменат/отстранат, како и самата формула на производот. Како најрелевантни секогаш земајте ги во предвид состојките наведени на самото пакување на производот.

Крема за лице за многу сува и иритирана кожа – 40 мл.
2.455,00 ден