fbpx
bg_image

Хидратантна крема за дехидрирана и иритирана кожа – 50 мл.

2.580,00 ден

ХИДРАТАЦИЈА • ЗАШТИТА • ОМЕКНУВАЊЕ
БОЖУР • ЛЕНЕНО СЕМЕ • ХИАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА

In stock

Баркод: 4751009825557 Шифра: 001012 Категории: 3 , , Бренд:

Ја чувствувате кожата иритирана, сува или затегната?

Ви се појавуваат видливи линии и брчки?

Кожата изгледа бледо и без здрав сјај?

Површината на кожата е погруба на допир?

Ако одговорот на барем едно од овие прашања е ДА, тогаш тоа може да биде знак на дехидрираност, односно на драстично намалена хидратација на кожата. Дехидрираноста води кон предвремено стареење на кожата и зголемена сензитивност.

Интензивна хидратантна крема збогатена со anti-age антиоксиданти од нордиски божур, ленено семе и хиалуронска киселина. Ја хидрира, освежува и смирува дехидрираната и иритирана кожа и ѝ го враќа младешкиот изглед. Делува и како заштитен слој од негативните ефекти на животната околина. Оваа крема го намалува изгледот на фините линии и овозможува оптимална хидратација.

ТЕСТИРАНА И ОДОБРЕНА ОД КЛИНИЧКИ ДЕРМАТОЛОЗИ:

Хидратацијата на кожата се зголемува за 80% по 4 недели редовна употреба.*

*Тестирано на 35 пациенти со јасно видливи знаци на дехидрирана кожа.

ТИП НА КОЖА: сите типови на кожа, сите возрасни групи. Особено погодна за сува, дехидрирана и иритирана кожа, која се осеќа затената, без сјај, со видливи фини линии и/или брчки. Одлична и за мажи.

КОЖАТА ЈА ОСЕЌАТЕ СУВА КАКО ХАРТИЈА?

„Дехидрираноста е чест проблем на кожата предизвикан од надворешните фактори на животната околина, производите со иритантни состојки и стареењето. Таа може да се третира со здрава исхрана и со соодветна козметика, која ќе ја балансира хидратацијата и ќе го зајакне заштитниот слој на самата кожа.“

ПРОФЕСОР ПО ДЕРМАТОЛОГИЈА, Dr.Med. Janis Kīsis

ВО ФОКУС:

КОРЕН ОД БОЖУР

Екстрактот од корен од божур има висока антиоксидантна активност, благодарение на присутноста на активни биомолекули како paeoniflorin, proanthocyanidins и флавоноиди, заштитувајќи ги клетките на кожата од можни оштетувања од животната околина. Ги заштитува клетките на епидермисот од оштетувања на ДНК-та предизвикана од ултравиолетово Б (УВБ) зрачење. Осумнеделна клиничка студија со 20 волонтери, резултирала со статистички драстично намалување на брчките на лицето. Полисахаридите кои се наоѓаат во кората и коренот од божурот, имаат покажано дека можат да ги стимулираат имуните клетки.

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ЗА ПРОИЗВОДОТ

Како може еден козметички производ да овозможи хидратација и на подлабоките слоеви на кожата, а не само на најгорниот?

Хидратацијата преку овој производ се одвива благодарение на 4 механизми:

  •  Создавање на заштитен слој, кој ја регулира размената на влага (вода) помеѓу кожата и животната околина, овозможувајќи ѝ на тој начин хидратација на кожата.
  • Благодарение на нивните хигроскопски (апсорбирање на вода) својства, хидратантните состојки (како хиалуронската киселина и бетаинот) ја задржуваат водата во кожата и на тој начин ја држат заробена хидратацијата во сите нејзини слоеви на самата кожа.
  • Антиоксидантните и активни состојки во оваа крема го штитат надворешниот слој на кожата од оштетувања од животната околина, како и од оксидативен стрес предизвикан од загадувањето.
  • Растителните активни состојки на оваа крема го креваат нивото на водни резерви во кожата преку стимулација за создавање на природни хидратанти.

Дали производите од SOS линијата имаат SPF фактор?

Не, SOS производите немаат фактор за заштита од сонце.

Зошто текстурата на SOS производите е беж? Дали се пигментирани?

SOS производите немаат пигментирачки својства. Бојата на текстурите произлегува од природните минерални пигменти во составот.

Нанесувајте наутро и/или навечер на чиста кожа или секогаш кога ќе почувствувате дека на вашата кожа ѝ треба дополнителна доза на хидратација.

aqua, simmondsia chinensis seed oil*, glycerin, caprylic/capric triglyceride, glyceryl stearate, behenyl alcohol, dicaprylyl carbonateisoamyl laurate, rosa damascena flower water*, hippophae rhamnoides fruit extract*, sodium pca, sodium levulinate, aroma, cetearyl alcohol, lecithin, cellulose, sodium anisate, palmitic acid, stearic acid, lactic acid, glycine soja sterols, linum usitatissimum seed extract*, urtica dioica leaf extract*, xanthan gum, paeonia lactiflora root extract, sodium hyaluronate, sodium phytate, ascorbyl palmitate, hydrolyzed hyaluronic acid, tocopherol, ci 77491***, citronellol**, geraniol**, benzyl salicylate**, eugenol**.

19% состојки од органско потекло
100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife

* состојки од органско земјоделство
** од природни етерични масла
*** чисти минерални пигменти Некои состојки на производот можно е понекогаш да се променат/заменат/отстранат, како и самата формула на производот. Како најрелевантни секогаш земајте ги во предвид состојките наведени на самото пакување на производот.

Хидратантна крема за дехидрирана и иритирана кожа – 50 мл.
2.580,00 ден