Оваа прочистувачка глинена маска е дизајнирана за да помогне во намалувањето на запушени пори и за ексфолијација на кожата.
Нашата нова зелена маска е формулирана со нони (Morinda Citrifolia) која ги разоружува бактериите и спречува да се размножуваат и да ја вознемируваат површината на кожата, заедно со белата бреза, природна форма на салицилна киселина која се користи за да се зголеми стапката на клеточна обнова со цел отпушување на порите и превенција на понатамошни исфрлања.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Нони: Комуникациски хакер на микробиомот кој ги разоружува бактериите попречувајќи го начинот на кој тие комуницираат со цел да спречи нивно размножување и вознемирување на површината на кожата. Иако оваа состојка ги спречува бактериите, таа не е антибактериска, ниту антибиотска, што значи дека постои многу помала шанса да се создаде отпорност кај бактериите, бидејќи тие не се убивани или загрозени. Оваа високо-технолошка природна состојка е исто така и анти-воспалителна и клинички е докажано дека ја намалува големината на порите до 48% и го намалува присуството на отворени комедогени до 15%.
Бела врба: природна форма на салицилна киселина која се користи и за зголемување на стапката на клеточна обнова во кожата, со цел да се отпушат порите и да се спречат понатамошни нафрлања. Белата врба која домородно потекнува од Северна Америка, Азија и централна и јужна Европа, традиционално се користела како антички лек за третирање болка од страна на кинеските лекари уште 500 години пред нашата ера. Во нашата нова прочистувачка, зелена, глинена маска, оваа холистичка состојка делува во намалување на воспаленија и црвенилата предизвикани од истите, како и намалување на оксидативен стрес.
47% состојки од органско потекло, 100% состојки од природно потекло