Потопете се во ова ароматично искуство со хранливиот пилинг за тело од ананас и кокос. Почестете ги вашите сетила и уживајте во летниот тропски рај! Органскиот екстракт од ананас и органското кокосово масло инстантно ја навлажнуваат кожата, оставајќи ја да се чувствува еластична и мека, додека кокосовите снегулки нежно ја чистат кожата. Овој пилинг содржи состојки кои ја негуваат и навлажнуваат кожата, враќајќи и го природниот баланс. Ананасот содржи низа ензими кои помагаат во природна ексфолијација на кожата, оставајќи ја со помазна текстура. Кокосот помага да се намали сувоста и овозможува вашата кожа да ја задржи влажноста.
– Погоден за сите типови на кожа
– Вегански сертифициран производ од страна на “The Vegan Society”