Концентриран и високоефикасен хемиски пилинг специјално наменет за лице. Тој содржи активен раствор од алфа хидроксилни киселини (AHA), кои овозможуваат кератолитичко дејство, ефикасно ексфолирајќи ги мртвите честички на епидермисот и овозможувајќи регенерација на кожата. Салицилната (BHA) и азелаичната киселина ја балансираат работата на лојните жлезди, го оптимизираат киселинско-базниот баланс на кожата, ги прочистуваат порите и спречуваат појава на акни.
Биокозметички ефект: Нискиот вискозитет на пилингот овозможува да се зголеми биорасположливоста на состојките од истиот, внесената дифилна компонента создава обвивка на површината на кожата, зголемувајќи го времетраењето на дејството на активните состојки и заштитува од надворешните фактори.
Алфа хидроксилните киселини (AHA) го ексфолираат кератинизираниот слој на епидермисот, ја стимулираат регенерацијата на кожата, како и синтезата на колагенот, еластинот и хиалуронската киселина. Имаат хидратантно ствојство, ја зголемуваат затегнатоста и еластичноста на кожата, го продолжуваат младешкиот изглед на кожата, ја осветлуваат и овозможуваат антиоксидантна заштита.
Бета хидроксилните киселини (BHA) ги раствораат мастите, што овозможува да се отворат порите и да се исчистат од вишокот на себум, кој често предизвикува бактериски инфекции и воспаленија кај проблематичните типови на кожа.
Азелаичната киселина спречува појава на акни и комедони, влијае на активноста на меланоцитите и го изедначува тенот на кожата, вклучувајќи ја и пигментацијата како резултат на флеки од акни.
Индикации (наменето за): Мрсна кожа, сува кожа, акни, флеки од акни, пигментација како резултат на флеки од акни.
Контраиндикации: Преосетливост на кожата, нетолеранција кон состојките на производот.
Пропратни ефекти: Како резултат на дејството на киселините на лицето, можна е привремена појава на црвенило.