Биокозметички ефект: Кератинот во косата е во форма на влакна, во кортекстот – слојот на влакното, кој е одговорен за еластицитетот и цврстината. Кутикулата, која е горниот слој на влакното, е направена од слоеви на кератински скали кои со помош на липидите се држат едни со други. Функцијата на липидниот слој е да ја задржи водата во внатрешните слоеви на косата, бидејќи нејзиниот недостаток води до влошување на нејзината структура и кршливост. Како резултат на термални и екстерни влијанија, водородните кератински врски се уништуваат, структурата на липидниот слој се нарушува, кој што се измива од кортексот, подигнувајќи ги скалите на кутикулите.
Клинички е докажано дека чистиот, ниско-молекуларен кератин хидролизат, поради неговата молекуларна тежина е способен да пенетрира и остане во косата, дури и со краткотраен контакт. Обновува скршени/распадната водородни врски, пенетрирајќи во кутикулите и исполнувајќи ги празнините на структурата во нејзините оштетени регии. Скалеститот слој е израмнет, сржта на влакното се набива, косата станува поеластична, мазна и сјајна.
Протеинскиот амино-киселински комплекс ја штити косата од штетата предизвикана од надворешните влијанија, или секојдневното стилизирање. Комплексот ја регенерира косата, создава заштитен слој кој спречува загуба на влажност и акумулација на вишок електрицитет. Додатна регенерација и ефект на омекнување е овозможен и од растителните емолиенти во композицијата, а бетаинот го омекнува и хидрира и скалпот.
Индикации (наменето за): За коса на која и е потребна структурална обнова, набивање и одржување на сјајот и еластицитетот. Коса често изложена на високи температури за време на стилизирање.
Контраиндикации: Индивидуална интолеранција на состојки од производот.
Пропратни ефекти: Не се идентификувани.