Биокозметички ефект: Еден од факторите кои што влијаат на здрав животен циклус на косата е микроциркулацијата на скалпот, која обезбедува навремено снабдување на крв во фоликулите на косата. Нарушување на изливот и протокот на крвта која носи кислород, влијае на состојбата на скалпот и косата. Факторот стрес води до вазоконстрикција, а како резултат на тоа косата станува непотхранета и почнува да опаѓа.
Кофеинот може да ја обнови циркулацијата на крвта. Во комбинација со хлорогена киселина која што се содржи во екстрактот од зелено кафе, кофеинот ги зајакнува ѕидовите на фоликулите на косата, крвните садови и го забрзува метаболичкиот процес во клетките, ја подобрува циркулацијата на крвта, овозможувајќи тонирачки ефект. Како стимулант на нервни завршетоци, кафеинот провозира спазми (грчеви) на ѕидовите од фолкулите, зајакнувајќи ги фоликулите на косата.
Пиперинот има затоплувачки и стимулирачки ефект на коренот на косата, заедно со есенцијалното масло од црн пипер, делува како антисептички агенс кој има анти-воспалително дејство; тој е компонента која ја подобрува циркулацијата на крвта во погорните слоеви на кожата.
Високата антиоскидантна активност е поддржана со дејството на биофлавоноидот – таксифолин (дихидрокверцетин), кој исто така е способен да го зголеми ефектот на вазостимулирачките средства. Таксифолинот (дихидрокверцетин) овозможува антиоксидантна заштита на косата и скалпот од негативните влијанија на надворешните фактори.
Индикации (наменето за): Погоден за сите типови на коса и скалп. Има биолошка активност на слаба, ретка коса. Може да се користи како дополнителна нега за време на периодот на активно губење на косата, како и за заштита од негативните надворешни влијанија.
Контраиндикации: Индивидуална интолеранција на состојките од производот.
Пропратни ефекти: Не се идентификувани.