Биокозметички ефект: Кафеинот, апсорбиран во подлабоките слоеви на дермисот, овозможува трансформација на масните ткива и стимулира распад на масните киселини во триглицериди, глицерин и вода. Како дел од серумот, помага да се отстранат стари клетки, го забрзува дотокот на крвта во горните слоеви на кожата и нејзината понатамошна регенерација.
Гликозил хесперидинот како флавоноид од групата на витамин П, поради својот биохемиски ефект, ја зголемува концентрацијата на хиалуронска киселина. Како резултат, кршливоста и пропустливоста на крвните капилари се намалува, нивната еластичност се зголемува, а крвната циркулација се подобрува. Во комбинација со висока концентрација на кафеин, гликозил хесперидинот елиминира траги од розацеа, неутрализира слободни радикали, спречувајќи оксидативни процеси во клетките.
Индикации (наменето за): Препорачано за употреба во борбата со розацеа, пигментација предизвикана од близината на капиларите до површината на кожата, како и за спречување и борба против темните кругови под очите.
Контраиндикации: Ако сте хиперсензитивни на компоненти од серумот, може да се појават алергии, или иритации.
Пропратни ефекти: Можна е зголемена сензитивност на кожата на надворешни влијанија.