Биокозметички ефект: Цикличната амино киселина –ектоин (1,4,5,6-тетрахидро-2-метил-4-пиримидин карбоксилат) е универзален биозаштитник на протеини, нуклеински киселини и цели клетки. Поради способноста да “привлече” водни молекули, ектоинот остварува силна врска со нив, формирајќи заштитен слој. Хидрослојот ги стабилизира мембраните на клетките и ги заштитува од оштетување, предизвикано од агресивните надворешни фактори.
Активна концентрација од 1% ектоин, помага да се одржи кожата хидрирана долг период, се до крајот на самиот лек. Елиминира црвенила на кожата предизвикани од егзема, алергии и иритации, ја зголемува отпорноста на бариерата на кожата на уништувачките надворешни влијанија и на физиолошко ниво ја измазнува кожата на лицето и околуочниот предел, во поглед на сите знаци на стареење.
Индикации (наменето за): Нега на кожа склона на воспаленија, склона на стрес и неговите ефекти, како и за избледена, сува и дехидрирана кожа.
Контраиндикации: Можна е индивидуална интолеранција на компоненти на произвзодот.
Пропратни ефекти: Не е препорачана секојдневна употреба. Кај хиперсензититвна кожа, можна е појава на привремено црвенило, или иритација.