Биокозметички ефект: Цикличната амино киселина –ектоин (1,4,5,6-тетрахидро-2-метил-4-пиримидин карбоксилат) е универзален биозаштитник на протеини, нуклеински киселини и цели клетки. Поради способноста да “привлече” водни молекули, ектоинот остварува силна врска со нив, формирајќи заштитен слој. Хидрослојот ги стабилизира мембраните на клетките и ги заштитува од оштетување, предизвикано од агресивните надворешни фактори.
Клинички испитувања покажале дека активна концентрација од 4% ектоин, помага да се заштитат ткивата на кожата, како и клеточните компоненти од УВ радијација. Благодарение на ревитализацијата на целосната клеточна структура на дермисот, мртвите клетки се заменуваат со нови и како резултат, се прави активна ексфолијација и обновување на кожата на лицето. Зголемената концентрација на активната компонента, се бори со мимички и брчки од стареење, траги од кожни болести, изедначува белези и го менува тенот на кожата, предизвикан од негативни надворешни влијанија.
Индикации (наменето за): Кожа сензитивна на надворешни влијанија, вклучувајќи и сончева светлина; склона на воспаленија, со траги од кожни болести, испакнатини, стрес и неговите влијанија, како и сува, дехидрирана и кожа во стареење.
Контраиндикации: Можна е индивидуална интолеранција на компоненти од серумот.
Пропратни ефекти: Строго се препорачува да не се користи секојдневно. Кај хиперсензитивна кожа, можна е појава привремено црвенило, или иритација.