Сертифицираната Огранска Крема против стрии има двојно дејство врз стрите: дејствува превентивно и регенерирачки.
Mаксималниот ефект се постигнува благодарение на комбинацијата на две природни состојки против стрии со научно докажана ефикасност: Alga Sendatu®¹, патентирана активна супстанца од црвена морска трева, и екстракт од Sapotaceae².
Од една страна, кремата спречува појава на стрии преку подобрување на еластичноста и цврстината на кожата. Од друга страна, помага во регенерагција на кожата преку стимулирање на реконструкција на ткивата.
Хранливите состојки кои ја комплетираат формулата помагаат во подобрување на флексибилноста на кожата и спречуваат пецкање и чешање³.
Благодарение на својата кремаста текстура, кремата против стрии е лесна за нанесување, дури и на големи делови од телото.
Идеална крема за користење во бременост, пубертет или за време на флуктуации во тежината.
Без додадени мириси, хипоалергенска, формулирана е да го намали ризикот од алергии.
1 Ин витро и екс виво тестирања.
2 Резултати од екс виво тестирања и клинички испитувања (превентивна употреба: клиничко испитување со траење од 56 дена на 28 жени со загуба на еластичност на кожата- подобрување на флексибилноста, цврстината и тонусот на кожата / коригирачка употреба: клиничко испитување на 29 жени со стрии после породување со нанесување 2 пати на ден во рок од 3 месеци > намалување на големината и длабочината на стриите и намалување на нејзината грубост).
3. Ефикасноста е клинички докажана во истражување направено на 30 жени на возраст од 18 до 45 години со свежи стрии (максимум 1 година, розово-пурпурни стрии со оток) на крстите, стомакот, градите, ракавите или бедрата. Нанесување 2 пати на ден во рок од 2 месеци.
Карактеристики
- Двојно Дејство: Научно докажано превентивно и регенерирачко дејство
- Идеална крема за време на бременост, пубертет или за време на флуктуации во тежината.
- Без додадени мириси, хипоалергенска
- Погодна за трудници и доилки
- Практично пакување направено од рециклирана пластика
Докажана ефикасност
- 71,4%³ од жените ги оцениле своите стрии како помалку видливи
- 92,9%³ од нив откриле дека изгледот на нивната кожа е подобрен
- 85,7%³ жени оцениле дека нивните бели стрии се помалку видливи
- Кожата на 100%³ од жените била потонирана, поеластична, помазна
³ Клиничко испитување на 30 жени – 56 дена, под дерматолошко надгледување, два пати на ден