Како да се користи
Органски влажни марамчиња за бебиња – х80
140,00 ден
In stock
Bambo Nature влажните марамчиња за бебиња се незаменливи на секоја маса за пресоблекување, во секоја кеса, чанта, торба за патување, корпа за пикник – каде и да одите со вашето бебе. Нашите влажни марамчиња за чистење се безбедни за кожата и се направени од мек, одржлив неплетен материјал. Можете да ги користите за да го чистите целото тело. Тие се дерматолошки тестирани и не содржат парфеми или бои, а претставуваат одлична замена на вода и сапун. Влажните марамици се вегански производ и не содржат состојки од животинско потекло, туку само состојки добиени од растенија. Ги исполнуваат стандардите на Nordic Swan Ecolabel и Danish Asthma Allergy Nordic Association и се одржлив и безбеден избор за вашето бебе и животната средина.
– нежни и меки
– безбедни за кожата (без парфеми и бои)
– НОВО пакување со помалку пластика во фолијата и затворот
– идеални за на пат
Направени се од мешавина на полиестер и вискоза. Наменети се за чистење без употреба на вода и сапун. Погодни се за сите регии и типови на бебешка и детска кожа – дури и за сензитивно бебешко лице или иритирани бебешки задник. Складирани се во погодно пакување кое овозможува извлекување со само една рака. Погодни се за домашна употреба и употреба на пат.
КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Можете да чистите речиси се, во било кое време, било каде. Само за надворешна употреба. Избегнувајте контакт со очи.
Кога станува збор за вашето бебе, само најдоброто е доволно добро.
БИДЕЈЌИ СЕ ГРИЖИТЕ