fbpx
bg_image

Хемиски пилинг со екстракт од бела поларна бреза за мрсна кожа склона кон акни – 145 мл.

415,00 ден

ЕКСФОЛИЈАЦИЈА • ЧИСТЕЊЕ
EКСТРАКТ ОД БРЕЗА • АХА КИСЕЛИНИ • САЛИЦИЛНА КИСЕЛИНА

In stock

Баркод: 4743318147642 Шифра: 000987 Категории: 3 , ,

Дел од сертифицираната веганска Bereza Siberica линија, збогатена со бела поларна бреза, природен извор на бетулин, познат по своите моќни анти-воспалителни и смирувачки својства, кои превенираат појава на акни.

Добијте длабинско чистење со овој киселинско базиран прочистувачки и балансирачки пилинг кој помага да се збогати сјајот на кожата, отстранувајќи ги мртвите клетки и останатите нечистотии кои ги запушуваат порите. Ефективно се бори со знаците на појава на акни и ги минимизира порите, балансирајќи и смирувајќи ја кожата. Содржи АХА киселини кои ја минимизираат појавата на проширени пори. Салицилната киселина, природно пронајдена во кора од врба ги раствора наталожените нечистотии во порите, намалувајќи ја појавата на воспаленија.

Нанесете мала количина на влажно лице и оставете го да делува 5-10 минути па потоа исплакнете со топла вода. Избегнувајте го делот околу очите. Количината зависи од потребата. Не се препорачува почеста употреба од еднаш дневно, како и употреба по друг хемиски или механички пилинг.

aqua, glycerin, glycolic acid, hydrogenated starch hydrolysate, heptyl glucoside, hydroxyethylcellulose, sodium hydroxide, panthenol, betula alba bark waterʷʰ ʰ, lactic acid, salicylic acid, betula alba leaf extractʷʰ*, salvia officinalis leaf extract*, flavocetraria nivalis extractʷʰ*, chamomilla recutita flower extract*, calendula officinalis flower extract*, benzyl alcohol, sodium benzoate, potassium sorbate, citric acid, parfum.

(* = состојка од органско земјоделство,** = составено од органски состојки, ʷʰ = рачно набрани органски екстракти од Сибир, ᵖˢ = дериват од масло од сибирски бор, ʰ = хидролат од органско сибирско растение.)

Хемиски пилинг со екстракт од бела поларна бреза за мрсна кожа склона кон акни – 145 мл.
415,00 ден