За кого е: За оние кои сакаат да ги искусат најпопуларните must-have производи од Evolve.
Доколку сакате да ја вкусите најсаканата козметика на Evolve, тогаш ова е вистинскиот сет за вас.
Нашата Discovery кутија со најпродавани производи ви дозволува да уживате во чоколаден рај со нашата Radiant Glow маска базирана на какао, да ја рехидрирате кожата со Hyaluronic 200 серумот и да ја задржите влажноста со нашата Daily Renew крема.
Сите амабалажи од Discovery сетовите се направени од целосно рециклирачки картон. Па штом ги извадите новите производи, едноставно ставете се во ваша корпа за рециклирање! Ова ги прави нашите кутии лесно решение за откривање на нова рутина на поодржлив начин.
Што има внатре?
1. HYALURONIC 200 / СЕРУМ ЗА ЛИЦЕ СО ХИАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА – 10 МЛ.
Овој чист серум за нормална до сува кожа содржи 200мл хиалуронска киселина по шише, која докажано ја хидрира кожата одвнатре и ги исполнува фините линии и брчки, додека екстрактот од органска калинка помага да се омекне и заштити кожата.
2. RADIANT GLOW / ОСВЕТЛУВАЧКА МАСКА ЗА ЛИЦЕ ЗА СИТЕ ТИПОВИ НА КОЖА – 30 МЛ.
Оваа вкусна маска е создадена да ја ревитализира и прочистува вашата кожа, оставајќи ја мазна и сјајна. Содржи сирово какао богато со антиоксиданти, кое помага да се заштити кожата, да се подобри хидратацијата и тенот, заедно со маслото од сладок бадем кој храни и хидрира. Исто така користи и кокосови честички кои нежно ја полираат кожата до свиленкаста совршеност, додека природните шеќерни екстракти ја претвораат ексфолирачката маска во кремаво млеко при контакт со вода, што лесно се исплакнува и ја остава кожата смирена и негувана.
3. DAILY RENEW / ХИДРАТАНТНА КРЕМА ЗА ЛИЦЕ ЗА НОРМАЛНА И СУВА КОЖА – 30 МЛ.
Оваа природна и органска крема за лице обновува нормална до сува кожа со мешавина на природни органски масла, кокосов пептид и хиалуронска киселина. Хиалуронската киселина помага да се исполнат фините линии и брчи, истовремено обезбедувајќи интензивна хидратација на клетките. Исто така содржи и масло од арган кој ја храни кожата и помага да се подобри еластицитетот, оставајќи ја кожата со чувство на исполнетост и мека.