Таанот никогаш не бил толку фино мелен!
Органскиот таан од бел сусам од Bett’r се добива од целосно печено и излупено органско семе од сусам. Неговата супер фина текстура и пријатната арома го прават да биде погоден за подготовка на богати смутија, преливи за салати и разновидни десерти. Таанот од сусам може да се комбинира со наут, лук, маслиново масло и лимон за неверојатно вкусен хумус. Слатките со мед, урми и какао се популарни за љубителите на десерти. Таанот од сусам може да се додаде во парче леб, измешан со мед или во различни јадења од Блискиот Исток како Баба Гануш и Халва. Неговите разновидни употреби и нутритивниот состав се причините поради кои станува се пораспространет и посакан. Излупениот таан од сусам има посветла боја и помек вкус. Се препорачува за луѓе со анемија, кардиоваскуларни проблеми и остеопороза. Причината за тоа е недостатокот на лушпа што го олеснува варењето, се намалува нивото на холестерол и се зголемува внесот на витамин Е. Со само 35 g дневно обезбедувате над 75% од потребната дневна количина на бакар и над 35% од потребната дневна количина на калциум.
Пробајте го затоа што е:
– 100% природен и органски
– Супер мазен и кремаст благодарение на новата технологија за ситно мелење на јаткастите плодови
– Богат извор на протеини
– Компатибилен со кето-диета