Овој маслен бустер е дизајниран за да го подобри изгледот на безживотна и уморна кожа, обезбедувајќи и подобрување на сјајот, благодарение на неговата палета на паметни состојки. Содржејќи и витамин Ц и био-ретинол, овој бустер нуди супер исполнување на вашата кожа. Има четири витамини (А, Ц, Ф и Е) нежно помешани во база од масло од шипинка овозможувајќи им да пенетрираат подлабоко во кожата од производи базирани на вода. Витамините Ц и А имаат дејства против стареење, витаминот Е е богат со анти-оксиданти и помага да заздравува кожата, а витаминот Ф е вклучен за да пружи длабинско хранење и исполнување на кожата.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Бакухиол: Ова е природната верзија на ретинол. Бакухиолот (витамин А) се однесува исто како и ретинолот (намалува регии со брчки и хиперпигментации и подобрува цврстина и еластицитет) без никакви иритации на кожата. Исто така се покажало дека ја поттикнува синтезата на колаген и го подобрува изгледот на кожа склона на несовршености.
Органско масло од шипинка: Ова масло е богато со есенцијални масни киселини Омега-6 и Омега-3, а ова значи дека е способно да се бори со знаците на стареење, истовремено одржувајќи ја кожата негувана и хидрирана. Исто така е богато и со био-ретинол, па промовира и клеточна обнова и подобрување на изгледот на белезите.
Витамин Ц: Нашиот витамин Ц е малку различен. Тој е стабилен витамин Ц кој се раствора со масло и ова значи дека пенетрира 3х повеќе од витаминот Ц кој се раствора со вода. Помага за подобрување на клеточното преживување, подобра хидратација и поголема синтеза на колаген, што значи дека помага да се подобри изгледот на кожата и нејзиниот сјај.
Волчји трн: Богат со витамин Ц – волчјиот трн е исто така богат со Омега-7 и Омега-3 и содржи бета-каротен кој помага да се подобри еластицитетот, хидратацијата и текстурата на кожата.
94.5% состојки од органско потекло, 100% состојки од природно потекло