Премиум, органски црни рибизли се обработуваат во нашата фабрика каде во комбинација со чај се добива природен сок. Црните рибизли се барани не само поради нивниот вкус, туку и поради содржината на витамин Ц. Сокот на Biotta со вкус на црна рибизла е природно богат со витамин Ц со што помага да се одржи здрав имунолошки систем. Овој сок може да се ужива на различни начини – чист, разреден со газирана вода за гаснење на жедта во текот на летниот период или пак како декор на десерт за комплетно уживање.
– Сокот содржи витамин Ц кој е одличен за имунолошкиот систем
– 33% овошен сок од органски бобинки
– Црните рибизли се извор на природен витамин Ц
– Црните рибизли содржат многу повеќе витамин Ц од агрумите
– Уживајте во особено свеж вкус со секоја голтка
*Сокот е направен од зрели, свежо собрани пресувани црни рибизли од Австрија.