Ова бадемово млеко без шеќер од Bjorg е вкусно и со малку заситени масни киселини, што го прави идеален партнер за појадок и за сите гурмански паузи во текот на денот.
– Со ниско ниво на заситени масни киселини
– Не содржи шеќер
– 100% растителна основа**
**100% од земјоделските состојки се од растително потекло
Kарактеристики: Овој растителен пијалок се произведува во фабриката на Bjorg во Италија, која се напојува со 100% одржлива енергија. Бадемите кои се употребуваат при подготовка на овој растителен пијалок се внимателно одбрани од медитеранскиот регион*.
*приоритетен извор на снабдување
Рецепт за подготовка на каша со ф’стаци и кајсија (без лактоза):
Потребни состојки:
1/2 шолја каша од 3 зрна од Bjorg
1 чаша вода
1/2 шолја бадемово млеко без шеќер од Bjorg
нерафинирана сол
1 супена лажицa компот или џем од кајсии
1 супена лажица обичен или ванилин јогурт од соја
излупени ф’стаци
Време за подготовка: 15 минути.
Начин на подготовка: Додадете ги кашата, водата, растителниот пијалок и малку сол во сад со средна големина и оставете да зовријат. Варете на тивок оган, мешајќи, 3-4 минути се додека смесата не се згусне. Тргнете од оган. Истурете ја топлата каша во чинии, додадете го компотот или џемот од кајсии, обемна лажица јогурт од соја и украсете со парчиња ф’стаци. Уживајте!
Бадемово млеко* (вода, бадеми* 2,8%), оризовиот скроб*, природен арома на бадем, морска сол, стабилизатори: гуар гума*, ксантанска гума.
*органски состојки
Пакување: Капачето од пакувањето е направено од шеќерна трска (100% обновлив ресурс).
Хранливи вредности на 100 ml:
Енергија: 104 kJ/25 kcal
Масти: 1,7 g
од кои заситени: 0,2 g
Јаглехидрати: 1,6 g
од кои шеќери: < 0,5 g
Протеини: 0,7 g
Сол: 0,05 g