Која би била добра причина за да уживате во растителниот пијалок од соја без шеќер од Bjorg ? Одговорот е едноставен: само внимателно одбрани зрна соја за здрав рецепт без шеќер!
– Со едноставен рецепт кој обезбедува најдобар вкус
– Не содржи шеќер
– Со високa концентрација на протеин
– 100% на растителна основа**
**100% од земјоделските состојки се растителни
Карактеристики: Сојата која се употребува при подготовка на овој растителен пијалок е внимателно одбрана во Италија. Пијалокот се произведува во фабриката на Bjorg во Италија, која се напојува со 100% одржлива енергија.
Рецепт за подготовка на безглутенски палачинки на Плухарнелски начин (без лактоза):
Време за подготовка: 15-30 минути
За подготовка на тестото за палачинки:
100 g микс од 3 брашна од Bjorg
40 g шеќер
прстофат сол
1 јајцe
малку ванила
140 ml растителен пијалок од соја од Bjorg
За подготовка на прилогот за палачинки:
1 јаболка
10 g шеќер во прав
малку сок од лимон
25 ml вода
ванила сладолед
крем Кустард
неколку ml Pommo (или Калвадос), нормандиско бренди
Начин на подготовка: Во сад додете ги брашното, шеќерот и јајцата. Измешајте со жица за матење, па постепено додадете го растителниот пијалок од соја, малку ванила и сол. Така подготвената смеса оставете ја да отстои половина час до еден час на собна температура. Испржете ги палачинките. Излупете ги и исечете ги јаболката на ленти. Во сад измешајте сок од лимон, половина чаша вода и шеќер во прав. Измешаната содржина се истура во нелепливо тавче и се згуснува со намалување на топлината. Се додаваат јаболката и редовно се меша се додека не заруменат. Тргнете ги од оган и ставете полна лажица заруменети јаболка директно врз палачинката. Додадете топка сладолед од ванила врз јаболката, а потоа неколку ml од Pommо (или Калвадос) бренди. Свиткајте ги рабовите на палачинката околу јаболката и сладоледот за да формирате торбичка, која можете да ја држите затворена со чепкалка за храна или чепкалка за заби. Додадете крем Кустард и послужете.
Млеко од соја* (вода, излупени зрна од соја без ГМО* 8%).
*органски состојки
Пакување: 88% од картонското пакување е направено од растителен материјал и придонесува за намалување на емисијата на C02 на нашата планета.
Хранливи вредности на 100 ml:
Енергија: 178 kJ/43 kcal
Масти: 2,6 g
од кои заситени: 0,6 g
Јаглехидрати: 0,7 g
од кои шеќери: < 0,5 g
Растителни влакна: 0,5 g
Протеини: 3,9 g
Сол: 0,03 g