fbpx
Добредојдовте на новиот сајт на BELLINA.
bg_image

Органски растителен пијалак од соја без шеќер – 1 л.

175,00 ден

Only 2 left in stock

Баркод: 3229820019604 Шифра: 003337 Категории: 3 , , Бренд:

Која би била добра причина за да уживате во растителниот пијалок од соја без шеќер од Bjorg ? Одговорот е едноставен: само внимателно одбрани зрна соја за здрав рецепт без шеќер!

– Со едноставен рецепт кој обезбедува најдобар вкус

– Не содржи шеќер

– Со високa концентрација на протеин

– 100% на растителна основа**

**100% од земјоделските состојки се растителни

Карактеристики: Сојата која се употребува при подготовка на овој растителен пијалок е внимателно одбрана во Италија. Пијалокот се произведува во фабриката на Bjorg во Италија, која се напојува со 100% одржлива енергија.

Рецепт за подготовка на безглутенски палачинки на Плухарнелски начин (без лактоза):

Време за подготовка: 15-30 минути

За подготовка на тестото за палачинки:

100 g микс од 3 брашна од Bjorg

40 g шеќер

прстофат сол

1 јајцe

малку ванила

140 ml растителен пијалок од соја од Bjorg

За подготовка на прилогот за палачинки:

1 јаболка

10 g шеќер во прав

малку сок од лимон

25 ml вода

ванила сладолед

крем Кустард

неколку ml Pommo (или Калвадос), нормандиско бренди

Начин на подготовка: Во сад додете ги брашното, шеќерот и јајцата. Измешајте со жица за матење, па постепено додадете го растителниот пијалок од соја, малку ванила и сол. Така подготвената смеса оставете ја да отстои половина час до еден час на собна температура. Испржете ги палачинките. Излупете ги и исечете ги јаболката на ленти. Во сад измешајте сок од лимон, половина чаша вода и шеќер во прав. Измешаната содржина се истура во нелепливо тавче и се згуснува со намалување на топлината. Се додаваат јаболката и редовно се меша се додека не заруменат. Тргнете ги од оган и ставете полна лажица заруменети јаболка директно врз палачинката. Додадете топка сладолед од ванила врз јаболката, а потоа неколку ml од Pommо (или Калвадос) бренди. Свиткајте ги рабовите на палачинката околу јаболката и сладоледот за да формирате торбичка, која можете да ја држите затворена со чепкалка за храна или чепкалка за заби. Додадете крем Кустард и послужете.

Млеко од соја* (вода, излупени зрна од соја без ГМО* 8%).

*органски состојки

Пакување: 88% од картонското пакување е направено од растителен материјал и придонесува за намалување на емисијата на C02 на нашата планета.

Хранливи вредности на 100 ml:

Енергија: 178 kJ/43 kcal

Масти: 2,6 g

од кои заситени: 0,6 g

Јаглехидрати: 0,7 g

од кои шеќери: < 0,5 g

Растителни влакна: 0,5 g

Протеини: 3,9 g

Сол: 0,03 g

Органски растителен пијалак од соја без шеќер – 1 л.
175,00 ден