fbpx
Добредојдовте на новиот сајт на BELLINA.
bg_image

Органски растителен пијалак од спелта и лешници – 1 л.

215,00 ден

In stock

Баркод: 3229820783338 Шифра: 003348 Категории: 3 , , Бренд:

Вкусен и со мала содржина на заситени масни киселини, овој растителен пијалок од Bjorg ќе ве изненади со вкусот на лешник. Освежителен и кремаст, може да се консумира во секој дел од денот, како топoл или ладен напиток или за подготовка на разни кулинарски рецепти.

– Не содржи додаден шеќер

– Со ниско ниво на заситени масни киселини

– 100% растителна основа**

**100% од земјоделските состојки се од растително потекло

Kарактеристики: Овој растителен пијалок се произведува во фабриката на Bjorg во Италија, која се напојува со 100% одржлива енергија.

Рецепт за подготовка на колач од овесна каша со овошје:

Потребни состојки:

1 јајце

10 g кафеав шеќер

20 g растопен маргарин

25 ml растителен пијалок од спелта и лешници

10 g брашно

1/4 ќесичка сушен органски квасец

25 g органски овесни снегулки од Bjorg

35 g црвено овошје (свежо или замрзнато)

Време за подготовка: 15-30 минути

Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 180°. Растопете го путерот и измешајте го со силно матење заедно со кафеавиот шеќер. Додадете ги јајцата едно по едно, додека продолжувате со матењето. Загрејте го растителното млеко, додадете го кај јајцата и продолжете со матење. Брашното и квасецот се просејуваат, се додаваат овесните снегулки и сето убаво се меша. Направете отвор во средината и истурете ја течната смеса. Измешајте сè заедно со кружни движења. Додадете го црвеното овошје. Намачкајте го калапот за колачи (20 cm)  со путер и истурете го тестото во него. Печете околу 30 минути. Пред да послужите, оставете да се олади. Уживајте!

Наш совет: Доколку користите замрзнато црвено овошје, за да не се згмечат плодовите, во последен момент истурете ги во сито, посипете ги со 1 лажица брашно, просејте и додадете ги во подготовката.

Вода, спелта* (пченица) 7%, ориз* 6%, лешници* 3%, овес* 2,2%, ладно цедено сончогледово масло*, морска сол.

*органски состојки

Може да содржи и други јаткасти плодови.

Пакување: Капачето од пакувањето е направено од шеќерна трска, која е 100% обновлив ресурс. Картонот од пакувањето е направен од 88% растителен материјал.

Хранливи вредности на 100 ml:

Енергија: 300 kJ/72 kcal

Масти: 3,2 g

од кои заситени: 0,3 g

Јаглехидрати: 10 g

од кои шеќери: 5,2 g

Растителни влакна: 0,7 g

Протеини: < 0,5 g

Сол: 0,06 g

Органски растителен пијалак од спелта и лешници – 1 л.
215,00 ден
Изберете ги полињата што ќе се прикажат. Другите ќе бидат скриени. Повлечете и спуштете за да го преуредите редот.
  • Слика
  • Баркод
  • Рејтинг
  • Цена
  • Залиха
  • Достапност
  • Во кошничка
  • Опис
  • Содржина
  • Тежина
  • Димензии
  • Дополнителни информации
Кликнете надвор за да ја сокриете листата за споредба
Спореди