fbpx
bg_image

Органско чадено тофу – 2 х 100 гр.

285,00 ден

In stock

Баркод: 3229820794112 Шифра: 004401 Категории: 2 ,

Ова органско чадено тофу е богато со протеини и има деликатна арома бидејќи е чадено на борово дрво. Традиционално се користи во азиската кујна и се изработува од зрна на соја. Претставува богат извор на протеини, Омега-3 киселини и магнезиум и е идеално решение за подготовка на вкусен вегетаријански оброк. Лесно се подготвува и ви овозможува широка разновидност во вашата вегетаријанска исхрана.

Рецепт за подготовка на вегетаријански оброк со сладок компир и чадено тофу:

Потребни состојки:

 

1/2 органско чадено тофу од Bjorg

 

1/4 голем сладок компир исечен на мали коцки

 

1 прстофат од кумин во прав

 

1 прстофат од коријандер во прав

 

1 прстофат од чили во прав (или пиперка)

 

1/4 мал исечен праз

 

1 сецкан лист од кељ

 

сол бибер

 

екстра девственото маслиново масло од Bjorg

сок од лимон од Bjorg

 

свеж коријандер

природен растителен јогурт

Време за подготовка: 15-30 минути

 

Начин на подготовка: Исечете го тофуто на коцки. Заруменети ги коцките тофу од сите страни во сад за готвење, на тенок слој маслиново масло. Истурете ги коцките сладок компир во садот за готвење, доколку е потребно додадете малку маслиново масло и заруменете го компирот на средна температура околу петнаесет минути со зачините, солта и биберот. Додадете го исечениот праз и кељот. Измешајте и продолжете со готвењето околу 10 минути. Ако смесата стане премногу сува, додадете мала количина вода. Кога зеленчукот ќе се зготви, додадете ги коцките тофу за да се загреат. Тргнете од оган. Додадете свеж коријандер, сок од лимон и растителен јогурт и послужете го овој вкусен вегетаријански оброк.

Тофу* 96% (вода, соја* грав, средство за желатинирање: магнезиум хлорид (нигари)), соја сос* (вода, соја*, сол, квасец Коџи).

*органски состојки

Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 645 kJ/154 kcal

Масти: 9 g

од кои заситени: 1,5 g

Јаглехидрати: 2,1 g

од кои шеќери: 0,4 g

Растителни влакна: 0,5 g

Протеини: 16 g

Сол: 0,5 g

Омега-3 киселини: 0,7 g

Магнезиум: 181 mg (48% од RNV**)

***RNV: Референтни нутритивни вредности

Органско чадено тофу – 2 х 100 гр.
285,00 ден