Oваа крема има лесен матифицирачки ефект, како и основна заштита против штетните влијанија на ултравиолетовата радијација.
Главни активни состојки:
– Цинк оксидот делува како безбеден физички филтер. Со останувањето на површината на кожата, создава заштита од сонцето, борејќи се со УВА и УВБ радијацијата.
– Формулата базирана на хидролат од невен и алое вера гел ја омекнува кожата, хранејќи ја со кислород и одржувајќи хидробаланс. Има бактерицидно и антивоспалително дејство.
– Помошните компоненти во форма на комплекс од масла и билни екстракти ја хранат и хидрираат кожата, спречувајќи фотостареење.
– Витаминот Е деактивира слободни радикали и ја зајакнува функцијата на бариерата на епидермисот.
– Маслото од коноп делува ако природен бронзер и дава нежна нијанса на тенот.
Кремата е MLE (Multi-Lamellar Emulsion) – мултиламеларна емулзија. Оваа текстура е најблиска до текстурата на горниот слој на кожата, што ја зголемува ефективноста на кремата и помага да се одржи хидробалансот во клетките.
Погодна за сите типови на кожа. Се препорачува кремата да се нанесе барем 30 минути, пред да излезете надвор.
Масло од јојоба – долготрајно ја храни, омекнува и хидрира кожата. Отстранува перутење, ги подобрува зтегнатоста и еластицитетот на кожата. Одлично е за зрела и кожа во стареење.
Шеа путер – длабински ја хидрира кожата, правејќи ја поеластична. Поседува регенерирачки својства; активира создавање на колаген и липиден метаболизам, спречувајќи предвремено стареење.
Шипинка – плодот на шипинката има регенерирачки и витаминизирачки ефект. Со нејзните биохемиски својства, екстрактот од шипинка е блиску до својствата на кожата, па е способен да пенетрира длабиснки во структуралните слоеви. Активно пренесува и ослободува заздравувачки супстанци, храни и ја омекнува кожата, додека респирацијата на кожните клетки не е нарушена и порите и жлездите не се запушени.
Нане – листовите нане имаат смирувачки, освежувачки и тонирачки ефект. Ослободуваат од уморот, имаат анти-иритирачки дејства и ја зголемуваат циркулацијата на крвта во капиларите. Тие имаат олеснувачко дејство, промовирајќи васкуларна контракција.
Невен – цветовите од невен имаат анти-воспалително, заздравувачко и бактерицидно дејство. Ја подобруваат работата на регенеративните процеси на кожата, ги зајакнуваат капиларите на кожата и спречуваат стареење на клетките.
Алое вера – има силни хидрирачки, бактерицидни и дејства против стареење. Ја убрзува регенерацијата на клетките, ги намалува воспаленијата. Создавајќи невидлива бариера на кожата, ја штити од надворешни фактори.