Нашиот највисок заштитен фактор против штетните ефекти од ултравиолетовото зрачење. Овозможува инстантна, максимална нежна заштита. Фотостабилен безбеден минерален УВ-филтер. Останувајќи на површината на кожата, создава заштита од сонцето, ги блокира и ги дифузира сите видови на зраци: УВБ, УВА1и УВА2. Кремата е збогатена со голем број на антисептици, антиинфламаторни и матифицирачки состојки.
Екстрактите од орев и шипинка ја задржуваат влaжноста во кожата, тонот, ја одржуваат еластичноста и нежно лекуваат.
Благодарение на есенцијалните масла и витаминот Е, кремата е богата со антиоксиданти, ги активира регенеративните процеси на кожата, ја омекнува и ја зголемува нејзината еластичност. Кремите со физички филтри имаат прилично густа конзистентност, па има неколку особености за нивната употреба. Треба да се нанесат во тенок слој, распределувајќи добро врз кожата. Растителни масла како кокос, шеа путер, макадамиа, авокадо, пченични никулци, може да се додадат на кремата за подобра дистрибуција и удобно нанесување на кремата. Ова на никој начин нема да влијае на нивото на заштита од сонце.
Невен – цветовите од невен имаат анти-воспалително, заздравувачко и бактерицидно дејство. Ја подобруваат работата на регенеративните процеси на кожата, ги зајакнуваат капиларите на кожата и спречуваат стареење на клетките.
Шипинка – има регенерирачки и витаминизирачки ефект. Со нејзните биохемички својства, екстрактот од шипинка е блиску до својствата на кожата, па е способен да пенетрира длабиснки во структуралните слоеби. Активно пренесува и ослободува заздравувачки супстанци, храни и ја омекнува кожата, додека респирацијата на кожните клетки не е нарушенаи порите и жлездите не се запушени.
Чајно дрво – лисјата од чајно дрво се високо антисептични, антибактериски и анти-габични. Промовирајќи регенерација на кожата.