fbpx
bg_image

CITY CC / BEIGE ПИГМЕНТИРАНА КРЕМА СО ФАКТОР SPF15 – 40 МЛ.

2.025,00 ден

ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ • ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕ
СОК ОД АЛОЕ ВЕРА • ЦИНК • ЕКСТРАКТ ОД ВОЛЧЈИ ТРН

Out of stock

Баркод: 4752223010248 Шифра: 003595 Категории: 3 , ,

Иновации: свиленкаста текстура, придорна SPF15 формула, комбинирајќи повеќе придовки за нега на кожата и разубавувачко дејство за безпрекорен, а сепак природен изглед. Нијанса: светла беж.

Оваа СС крема против загадување ги корегира сите несовршености на тенот на кожата, вклучувајќи безживотност, црвенила и темни дамки. Научно е докажано дека ја штити вашата кожа од урбани загадувачи бранејќи го кожниот микробиом, спречувајќи запушени пори и воспаление.

Со широк спектар на заштита од UVA/UVB зраци и длабоко хидрирачка хиалуронска киселина, CITY CC е неопходен за секој урбан жител.

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ЗА ПРОИЗВОДОТ
Што значи широк спектар на заштита?
– Производите за нега на кожа кои обезбедуваат широк спектар на заштита од сонце имаат способност да заштитат не само од UVB (предизвикуваат сончаница и изгореници од сонце, придонесуваат за ризик од карцином), туку и UVA (преовладува дури и во облачни денови, генерираат слободни радикали, предизвикуваат длабоки брчки и стареење и исто така придонесуваат за ризик од рак) зраци.

Која нијанса да ја одберам?
– City CC има две различни нијанси – светла-беж и медиум-беж. Светлата е погодна за побледи тенови (замислете ги убавиците од старите северни саги), медиум бежот – за оние што имаат потемен тен. Освен ако не сте на навистина светлата страна, медиум-бежот е вашиот избор. Двете нијанси се само-прилагодливи и обезбедуваат беспрекорна покриеност со природен изглед.

Која е разликата помеѓу новите City CC креми и Sun Flower/Moon Flower флуиди за нијансирање?
Поради нивната лесна текстура,  Sun Flower/Moon Flower слабо или едвај покриваат за малку подобрен тен. Флуидите за нијансирање не обезбедуваат заштита од УВ и загадување. Кога барате супер лесна алтернатива за да ја подобрите вашата природна убавина, нашите флуиди за нијансирање ќе бидат безбеден облог. City CC, како и да е, содржи природна крема за сончање, обезбедува поголема покриеност и придобивки против загадување поради високата содржина на природни антиоксиданти.

Дали природните креми за сончање се ефективни како синтетичките и како делуваат?
Ако хемиските производи за заштита од сонце продираат во кожата за да апсорбираат сончеви зраци, природните креми за сончање користат филтри базирани на минерали. Како што истражувањата откриваат одредени ризици по здравјето поврзани со хемиски филтри, филтрите базирани на минерали (познати како физички или природни) се сметаат за побезбедни и дури повеќе ефективни. Креирајќи физичка бариера која што ги одбива штетните УВ зраци, природните креми за сончање делуваат од моментот на нанесувањето, и како што нивното дејствување не е поврзано со хемиски реакции, делуваат се додека ги има на вашата кожа.

Нанесете самостојно или врз вашата дневна крема за хидратација. Погодна за сите типови на кожа.

aloe barbadensis (aloe) leaf juice, dicaprylyl carbonate, isoamyl laurate, zinc oxide, glycerin, sorbitan olivate, titanium dioxide (ci 77891), beeswax, lecithin, polyglyceryl-2 dipolyhydroxystearate, silica, aqua, cellulose, hippophae rhamnoides (sea-buckthorn) fruit extract, hypericum perforatum (st. john’s wort) extract, quercus robur (oak) bark extract, camellia sinensis leaf extract, vitis vinifera (grape) seed extract, sodium chloride, sorbitan caprylate, palmitic acid, stearic acid, propanediol, benzoic acid, hydrolyzed hyaluronic acid, sodium hyaluronate, ci 77492 (iron oxide), ci 77491 (iron oxide), ci 77499 (iron oxide), ascorbyl palmitate (vitamin c), sodium phytate, tocopherol, vanillin, potassium hydroxide.

некои состојки на производот можно е понекогаш да се променат/заменат/отстранат, како и самата формула на производот. како најрелевантни секогаш земајте ги во предвид состојките наведени на самото пакување на производот.

CITY CC / BEIGE ПИГМЕНТИРАНА КРЕМА СО ФАКТОР SPF15 – 40 МЛ.
2.025,00 ден