Сертифицираното органско масло за чистење на лице, очи и усни е клучен дел од добрата рутина за прекрасна кожа.
Ефикасно ги отстранува сите нечистотии кои се акумулираат на лицето во текот на денот: себум, загадување, пот или шминка – дури и ако е водоотпорна.
За нанесување: една пумпа од маслото загрејте ја на дланката, нанесете на сува кожа на лицето, вратот, очите и усните и масирајте. Емулгирајте со малку вода, а потоа исплакнете темелно. Неговата мрсна текстура ќе стане млечна при контакт со водата за нежно, а пред се удобно отстранување на шминката. Ја остава кожата чиста и прочистена.
Најважната состојка која ја содржи – Шеќерна морска трева (Laminaria saccharina), екстракт од кафени морски алги, ја смирува иритацијата и го истакнува сјајот на кожата.
Дополнително, збогатено со органско сончогледово масло и органски алфа-бисаболол, маслото за чистење хидрира, омекнува, регенерира и го намалува црвенилото.
Погоден за сите типови кожа, Не ги надразнува очите.
Лесниот и нежен мирис (воден лотос, цвет од памук) ќе ви овозможи вистински момент на релаксација..
Шишето со пумпа (200 ml) од рециклирана пластика е идеален и за секојдневна употреба и за да го понесете со себе за време на викенд или патување. Капачето со прскалка го олеснува користењето.
Карактеристики:
- Ги елиминира нечистотиите на кожата и шминката – дури и ако е водоотпорна
- Не остава масно чуство на лицето
- За сите видови кожа
- Веганска
- Погодно за бремени жени и доилки
- Исплакнете со млака вода
- Не ги надразнува очите
- Практичноста на шишето со пумпа од рециклирана пластика и капачето со прскалка