fbpx
Добредојдовте на новиот сајт на BELLINA.
bg_image

Масло за чистење на лице за сите типови на кожа – 200 мл.

1.295,00 ден

In stock

Баркод: 3760211483074 Шифра: 004092 Категории: 3 , ,

Сертифицираното органско масло за чистење на лице, очи и усни е клучен дел од добрата рутина за прекрасна кожа.

Ефикасно ги отстранува сите нечистотии кои се акумулираат на лицето во текот на денот: себум, загадување, пот или шминка – дури и ако е водоотпорна.

За нанесување: една пумпа од маслото загрејте ја на дланката, нанесете на сува кожа на лицето, вратот, очите и усните и масирајте. Емулгирајте со малку вода, а потоа исплакнете темелно. Неговата мрсна текстура ќе стане млечна при контакт со водата за нежно, а пред се удобно отстранување на шминката. Ја остава кожата чиста и прочистена.

Најважната состојка која ја содржи – Шеќерна морска трева (Laminaria saccharina), екстракт од кафени морски алги, ја смирува иритацијата и го истакнува сјајот на кожата.

Дополнително, збогатено со органско сончогледово масло и органски алфа-бисаболол, маслото за чистење хидрира, омекнува, регенерира и го намалува црвенилото.

Погоден за сите типови кожа, Не ги надразнува очите.

Лесниот и нежен мирис (воден лотос, цвет од памук) ќе ви овозможи вистински момент на релаксација..

Шишето со пумпа (200 ml) од рециклирана пластика е идеален и за секојдневна употреба и за да го понесете со себе за време на викенд или патување. Капачето со прскалка го олеснува користењето.

Карактеристики:

  • Ги елиминира нечистотиите на кожата и шминката – дури и ако е водоотпорна
  • Не остава масно чуство на лицето
  • За сите видови кожа
  • Веганска
  • Погодно за бремени жени и доилки
  • Исплакнете со млака вода
  • Не ги надразнува очите
  • Практичноста на шишето со пумпа од рециклирана пластика и капачето со прскалка
  1. Загрејте го маслото за чистење на лицето на дланката
  2. Нанесете на сува кожа на лицето, вратот, очите и усните и масирајте
  3. Емулгирајте со малку вода, а потоа исплакнете темелно. Не ги надразнува очите

helianthus annuus seed oil, caprylic/capric triglyceride, polyglyceryl-4 oleate, glycine soja oil*, laminaria saccharina extract, bisabolol*, parfum, tocopherol, aqua, propanediol

* : состојки од органско земјоделство

100% природно потекло

68,9% од вкупните состојки се од органско земјоделство

cosmos organic certified by ecocert greenlife according to the cosmos standard available at http://cosmos.ecocert.com

Масло за чистење на лице за сите типови на кожа – 200 мл.
1.295,00 ден