Нашата пигментирана крема за заштита од сонце е совршениот производ за природно да ја заштитите кожата од УВ радијацијата која што е одговорна за 80% од видливите знаци на стареење.
Спојувајќи заштита од сонце и нега за лице заедно, нашата пигментирана СПФ крема комбинира високо-технолошки состојки за против стареење како матични клетки од брусница кои се богати со полифенол, хиалуронска киселина и минерален цинк-оксид кој е не-нано и безбеден за гребените, а обезбедува лесна широко-спектарна заштита од УВА и УВБ зраци.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Матични клетки од брусница: Матичните клетки добиени од супер-храната брусница која е богата со витамин Ц и полифеноли. Тие имаат заштитни својства од оштетувачките ефекти предизвикани од сончевата радијација.
Овие матични клетки го зголемуваат природниот антиоксидантен механизам на клетките и помагаат да се намали воспалувањето на кожата предизвикано од УВБ радијацијата. Спречуваат оштетување на кожата од инфра-црвено и УВ зрачење и ја намалуваат појавата на брчки и дамки на старост, ја подобруваат цврстината на кожата, намалуваат дехидратација и грубост.
Какаи масло: Добиено од семе од импресивното дрво од Амазон, ова масло содржи био-ретинол и линолеинска киселина, двете поддржувајќи ја заштитната бариера на кожата и помагајќи да се задржи влажноста во кожата. Какаи маслото не е фото токсично.
Ниско-молекуларна хиалуронска киселина: Ниско-молекуларната киселина помага да се намали појавата на брчки, правејќи ја кожата посвежа и со подбрен тон. Ние користиме ниско-молекуларна киселина која длабински пенетрира во кожата и има поефективни хидрирачки својства. Исто така го зголемува создавањето на колаген.
Природни пигменти: Минерални пигменти кои даваат природен сјај и нежна боја.
Цинк-оксид безбеден за гребените: Нежниот неизбелувачки, не-нано минерален цинк оксид обезбедува СПФ20 заштита.
42.0% состојки од органско потекло, 99.6% состојки од природно потекло