Концентрирано и високоефективно решение специјално наменето за лице. Лек за сензитивна и иритирана кожа. Бисабололот има директен антивоспалувачки, заздравувачки ефект, обновува оштетени делови, ја “смирува” кожата и ослободува од стрес. Аргининот ја смалува сензитивноста на кожата на надворешни стимули, превенирајќи воспалителни реакции. Ектоинот создава обвивка на површината на клетките, заштитувајќи ги од стрес факторите.
Биокозметички ефект: Нискиот вискозитет на агенсот овозможува да се зголеми биорасположливоста на состојките на истиот, внесената дифилна компонента создава обвивка на површината на кожата, зголемувајќи го времетраењето на активните состојќи и заштитувајќи ја од надворешни фактори.
Испитувања покажале дека природниот бисаболол добиен од растителни материјали, е дупло поефективен од неговата синтетичка аналогија: црвенилото предизвикано од УВ радијацијата, се смалува за четвртина, уште во првата недела; липооксигеназа, циклооксигеназа, како и воспалителни процеси предизвикани од овие провокатори се инхибирани. Аргининот е делумно заменлива амино киселина, вклучена во меѓуклеточната синтеза на азотен оксид (NO-nitric oxide), која што има биолошка улога во стимулирањето ангиогенеза и борбата со воспалителните процеси. Ектоинот е универзален биозаштитник на протеините, нуклеинските киселини и целите клетки. Поради способноста да привлече водни молекули, ектоинот создава силни врски со нив, формирајќи заштитен слој.
Индикации (наменето за): Кожа склона на иритации, црвенила, воспаленија и хиперсензитивност на надворешни фактори.
Контраиндикации: Индивидуална интолеранција на компонентите на производот.
Пропратни ефекти: Индивидуална интолеранција на активните состојки е можна.