fbpx
Добредојдовте на новиот сајт на BELLINA.
bg_image

Крема за лице со азелаична киселина за кожа склона кон акни – 12,5 мл.

1.370,00 ден

ЧИСТЕЊЕ • ПРОТИВ ФЛЕКИ
АЗЕЛАИЧНА КИСЕЛИНА • ЦИНК • САЛИЦИЛНА КИСЕЛИНА

In stock

Баркод: 4603774305300 Шифра: 000830 Категории: 3 , ,

Биокозметички ефект: Клинички докажан инхибиторен ефект на азелаичната киселина врз растот на Probionibacterium acnes бактеријата. Оваа бактерија иницира прилив на антивоспалителни реакции кои го поттикнуваат развојот на акни. Долгорочната употреба на азелаична киселина не создава зависност, па ова е состојка погодна за производи со пролонгиран ефект. Азелаичната киселина исто така го успорува формирањето на дамките на старост, со инхибирање на тиросиназа, ензим кој ја катализира комплексната реакција на конвертирање тирозин во меланин.

Азелаичната киселина се бори со пост-акни. Кога користите производ со азелаична киселина на пост-акни регијата, точките постепено се осветлуваат, а белезите се измазнуваат. Во комбинација со салицилна киселина, азелаичната киселина ги отпушува порите и поттикнува распад на комедоните, покажувајќи кератолитски и комедолитски својства.

Цинк оксидот формира албуминати со протеини, кои промовираат заздравување на ткивото.

Токоферолот, кој е дел од оваа крема, ги заштитува липидните молекули од оштетување, ги намалува негативните ефекти на ултравиолетовата радијација на клетките на кожата, промовира нејзино заздравување и закрепнување.

 

 

Индикации (наменето за): Проблематична кожа склона на осипи, воспаленија и акни.

Контраиндикации: Хиперсензитивна кожа и индивидуална интолеранција на компонентите од производот.

Пропратни ефекти: Зголемено сушење на кожата.

Се користи како дополнителен агенс на основната нега. Користете по потреба, на конкретни места (воспалени регии) или на деловите од лицето со акни/пост-акни. Со цел да се олесни нанесувањето на самото место и презервација на корисните својства на природните состојки, користете специјална козметичка шпатула (вклучена во комплетот).

Да се чува на суво и темно место, на температура од +5C до +25C.

aqua, aloe barbadensis leaf juice *, azelaic acid, glycerin, isoamyl laurate (and) isoamyl cocoate, glyceryl stearate citrate, zinc oxide, pentylene glycol, cetyl alcohol benzyl alcohol, carrageenan, salicylic acid, tocopherol.

100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlifе согласно стандардот COSMOS ORGANIC

Крема за лице со азелаична киселина за кожа склона кон акни – 12,5 мл.
1.370,00 ден
Изберете ги полињата што ќе се прикажат. Другите ќе бидат скриени. Повлечете и спуштете за да го преуредите редот.
  • Слика
  • Баркод
  • Рејтинг
  • Цена
  • Залиха
  • Достапност
  • Во кошничка
  • Опис
  • Содржина
  • Тежина
  • Димензии
  • Дополнителни информации
Кликнете надвор за да ја сокриете листата за споредба
Спореди