fbpx
bg_image

Концентрат за лице со омега 3 киселини за сува кожа – 17.5 мл.

965,00 ден

ХИДРАТАЦИЈА • ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ
МАСЛО ОД МАЛИНА • ВИТАМИН Е

In stock

Баркод: 4752223001246 Шифра: 001953 Категории: 3 , ,

Персонализирајте ја вашата рутина до перфекција.

Custom Actives е линија на природни сертифицирани, неверојатно богати козмецевтски активни адитиви, кои лесно се мешаат во вашите секојдневни креми за хидратација со цел да ги исполните вашите специфични потреби за нега на кожа.

Овој концентрат содржи природна, растителна Омега 3 масна киселина, добиена од малини. Омега 3 масните киселини се важни за хидратација на кожата и превенција од стареење. Формула која не содржи вода. Спакувано во заштитно стакло.

Овој производ е направен во фабриката на MÁDARA (Рига, Латвија), користејќи 100% еко-струја, која доаѓа од обновливи извори. Сите формули се одговорно развиени во нашите лаборатории, безбедни за кожата и биолошки разградливи, не содржат хемикалии и потенцијални загадувачи на околината.

Користиме совесни решенија за пакувања, безбедни за планетата, вклучувајќи пост-потрошувачка рециклирана пластика, рециклиран отпад од океанот и остатоци од шеќерна репка и дрвено производство. Нашето примарно пакување – туби и шишиња – 100% може да се рециклираат од 2006та година.

Индикации (наменето за): колаген, сува и кожа во стареење, кожа склона на несовршености, третман по сончање.

Погодно за вашето лице и тело. Помешајте 1-3 капки во секојдневната крема/масло за хидратација на лице или тело. Користете наутро и/или навечер. Прекинете ја употребата во случај на иритација. Само за надворешна употреба.

Rubus idaeus (raspberry) seed oil*, decyl cocoate, undecane, tridecane, tocopherol(vitamin e)

*состојки од органско земјоделство

Концентрат за лице со омега 3 киселини за сува кожа – 17.5 мл.
965,00 ден