Нашиот Daily Defence хидратантен спреј доби рестарт и сега е 100% природен! Имаме нова и подобрена формула која вклучува мноштво моќни зелени состојки, па продолжете со читањето за да дознаете повеќе!
Заштитен спреј за лице со пребиотици кои ги зајакнуваат и балансираат кожниот микробиом, со цел да го заштитат од загадувањето и агресивните хемикалии.
Органскиот мексички кактусов еликсир смирува иритирана кожа, истовремено зацврстувајќи и подобрувајќи ја хидратацијата на кожата.
Хиалуронската киселина позната по својата способност да задржи 1000х повеќе вода од сопствената тежина, помага да се намали појавата на брчки и ја остава кожата со помлад изглед и подобрен тон. Спрејот има нежен мирис на портокал и вода од розин цвет.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Пребиотици: Научно тестирани пребиотици од корен од цикорија кој помага да се одржи здравиот изглед на кожатa – балансирајќи и зајакнувајќи го човечкиот кожен микробиом, правејќи ја нашата кожа поотпорна. Овие паметни пребиотици ја зачувуваат природната убавина на кожата и ја негуваат кожната бариера.
Опунција: Ултра-рафиниран еликсир од мексички кактуси (позната како бодликава крушка), смирува иритирана кожа, а истовремено има одлични хидрирачки својства поради високата концентрација на соединенија кои се врзуваат со вода. Таа е исклучително смирувачка и зајакнувачка, со силни антиоксидантни својства.
Хиалуронска киселина: хиалуорнската киселина може да задржи 1000х повеќе вода од сопствената кожа, што ја прави одлична компонента во кремите за хидратација. Таа исто така помага да се намалат брчки, давајќи и на кожата помлад изглед и подобрен тон. Ниско-молекуларната хиалуронска киселина која ние ја користите подлабински пенетрира и има поефективни хидрирачки својства, но го зголемува и создавањето на колаген.
20.3% состојки од органско потекло, 100% состојки од природно потекло