Органска мицеларна, прочистувачка вода дизајнирана за чистење и тонирање на вашата кожа, користејќи ги мицеларните молекули за нежно отстранување на шминката и нечистотијата, без предизвикување иритации.
Овој природен отстранувач на шминка користи моринга пептиди кои помагаат во отстранувањето на микро-честичките на загадување од кожата, и хиалуронска киселина која ја задржува влажноста во кожата и го зголемува создавањето на колаген.
Нашата хидратантна мицеларна вода содржи и калинка која е богата со антиоксиданти како елагична киселина, витална во заштитувањето на кожата и лимитирање на загубата на вода, за да имате кожа која е неверојатно чиста и сјајна.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Екстракт од калинка: Одлучивме да користиме органска калинка во нашиот мицеларен чистач бидејќи е богата со висока концентрација на елагична киселина. Ова значи дека таа може да помогне со регулација на клеточниот промет и зајакнување на клеточните мембрани, што за возврат води кон лимитирање на загубата на вода и оштетување од слободните радикали.
Хиалуронска киселина: За да се осигураме дека оваа мицеларна вода нема да ја суши вашата кожа, одбравме да користиме хиалуронска киселина. Оваа состојка може да задржи до 1000х повеќе вода од сопствената тежина, правејќи ја високо-ефективна состојка во производи за хидратација. Хиалуронската киселина помага да се намалат брчките, давајќи и на вашата кожа помлад изглед и подобрен тон. Ние користиме ниско-молекуларна хиалуронска киселина која пенетрира длабоко во кожата и има поефективни хидрирачки својства. Исто така го зголемува и создавањето на колаген.
Моринга пептиди: Сакавме нашата мицеларна вода покрај тоа што ќе отстранува шминка од вашата кожа, да ви помогне и во заштитата на кожата – спречувајќи микрочестичките од загадувањето како издувни гасови од коли или дим од цигари да се налепуваат на кожата, затоа ги одбравме моринга пептидите. Тие имаат одлични анти-бактериски и анти-воспалителни својства кои ја оставаат вашата кожа чиста и смирена.
50.9% состојки од органско потекло, 100% состојки од природно потекло