Сирупот од урми е природен засладувач направен од 100% органски урми. Има богат сладок вкус и пријатна овошна арома. Познат е како еден од најкористените и најкорисните природни алтернативи на белиот шеќер. Една до две лажици од сирупот ги обезбедуваат дневните потреби на човекот за магнезиум, бакар и сулфур, половина од потребите за железо и четвртина од потребите за калциум. Ве молиме, не ја занемарувајте содржината на фруктоза во него. Препорачуваме умерена употреба. Сирупот не е погоден за лица со дијабетес и висок шеќер во крвта.
– Oргански производ
– Погоден за вегани
– Алтернатива на белиот шеќер
– Богат со растителни влакна и шеќери
Може да гo користите сирупот од урми директно на:
– Палачинки
– Пецива
– Пијалоци или ужинки со јогурт
Погоден за користење во сирова форма, како и при термичка обработка.
Придобивки за телото од земање урми:
– Помагаат во варењето на храната, бидејќи се богати со растителни влакна
– Имаат антиинфламаторни својства
– Богати се со минерали и витамини
– Содржат големи количини на калиум, кој го нормализира крвниот притисок