fbpx
Добредојдовте на новиот сајт на BELLINA.
bg_image

Органска мешавина од зачини Golden milch – 50 гр.

675,00 ден

Out of stock

Баркод: 4260111105254 Шифра: 003357 Категории: 2 , Бренд:

Golden Milk е традиционална индиска мешавина од зачини која се промешува и загрева во кравјо или растително млеко. Овој вкусен пијалак е основан на античката ајурведска традиција. Името доаѓа од портокалово-жолтата нијанса на куркумата – главната состојка во златното млеко.

Заедно со нашите индиски ајурведа експерти, развивме наша специјална мешавина и внимателно ја споивме со ефектот и вкусот на индивидуалните зачини. Дополнително на куркумата, ѓумбирот и црниот бибер, нашето златно млеко содржи и цимет и кардамон. Бидејќи иако златното млеко е воглавно пијалак поради своите придобивки, циметот и кардамонот му даваат цветно-слатка арома која го прави вкусна алтернатива на кафе, чај или топло чоколадо.

СОВЕТ ЗА ВО КУЈНА

Бадемовото и оризово млеко се најпогодни за подготовка, бидејќи тие го прават златното млеко убаво и кремаво, но кокосовото млеко исто така оди добро и му дава на златното млеко дополнителна блажина. Бидејќи зачините се многу интензивни, кафено лажиче на една чаша млеко е доволно. За куркумата полесно да се апсорбира во телото, се препорачува да се додаде лажичка кокосово масло, бидејќи таа не се раствора со вода.

Кратко зовријте ги зачините заедно со млекото и маслото и потоа оставете да врие околу 5 минути на ниска температура за аромата и заздравувачките супстанци оптимално да се развијат. Доколку е неопходно можете да додадете и шеќер од кокосов цвет за засладување.

ЛЕК

Најважниот зачин во златното млеко е куркумата, која што е вистински сенаменски природен лек благодарение на своите силни антиоксидантни својства. Со цел да се ослободи целосната моќ на куркумата, додавањето на црн бибер е многу значајно. Супстанцата пиперин го зајакнува целиот метаболизам за телото полесно да ја консумира куркумата. Дополнително, црниот бибер е со централна важност во ајурведатата и се смета за еден од најважните лековити растенија поради неговата висока концентрација на антиоксиданти и анти-воспалителни и анти-алергени својства.

Ѓумбир, цимет, кардамон и ајгон се исто така дел од нашето златно млеко и резултатот е вкусен рецепт.

куркума, кардамон, ѓумбир, ајгон, морач, цимет, црн бибер.

Органска мешавина од зачини Golden milch – 50 гр.
675,00 ден