Како да се користи
Органска чоколадна наполитанка со пробиотик – 40 гр.
65,00 ден
In stock
Овие слатки, мали бисквити имаат многу пријатен, лесен, воздушен и крцкав вкус со слатка арома богата со путер. Направени од брашно од емер пченица и кравји ghee путер, тие се богати со растителни влакна и едноставно се неодоливи по вкус. Ги создадовме за да можете да уживате во класичната верзија на бисквити со кои сите сме пораснале и по кои сите копнееме. Совршени се за деца и возрасни. Во едноставно пакување, погодни за носење, идеални за појадок, долги прошетки и патување. Исто така, би ви препорачале да ги натопите во крем сирење или утринското кафе. Верувајте ни, нема да зажалите!
– Органски сертифициран производ
– Без ГМО
Начин на подготовка: Сите состојки се мешаат додека не се добие посакуваното тесто за бисквити. Потоа продолжуваме да мешаме долго време, додека тестото не е подготвено за месење. Правиме долги засеци по што се добива потребната форма на колачиња и ги печеме се до добивање на совршена боја и вкус. На крај – се оставаат да се изладат и се спремни за пакување.
Пакување: Засега, бисквитите се достапни само во пакување од 80 грама – не многу, но доволно добро за попладневна ужина.
Состав: Oрганско брашно од емер пченица (31,8%), органско бело пченично брашно, органски кравји ghee путер (7,69%), органски шеќер, органско полномасно млеко во прав, органски екстракт од слад, хималајска сол, органска ванила, средство за нараснување, натриум бикарбонат, амониум бикарбонат, ензим.
Интегралното брашно од емер пченица е побогато со растителни влакна и е древна автохтона култура која е зачувана до ден-денес без хибридизација и вкрстување.
Го додаваме кравјиот ghee путер поради неговиот неверојатен вкус и високата точка на чадење.
Без скроб, без гликозен-фруктозен сируп и без рафинирани масти, без средства за сјај, без конзерванси и без стабилизатори.
Хранливи вредности на 100 гр:
Енергија: 1753 kJ/417 kcal 4,4%
Масти: 11,4 g 16,3%
од кои заситени: 8,3 g 41,3%
Јаглехидрати: 64,3 g 24,8%
од кои шеќери: 22,8 g 25,3%
Протеини: 9,5 g 18,9%
Сол: 0,7 g 11,3%
Растителни влакна: 9,7 g