Сертифицираната органска ревитализирачка крема за околу очи ги обезбедува основните потреби на кожата, со интензивна 24-часовна хидратација и сеопфатна заштита од секојдневниот напор (сина светлина, загадување, стрес…) со што помага во спречување на предвремено стареење на кожата.
Контурата на очите е деликатна област која бара посебна грижа. Комбинацијата од Alga-Gorria®, патентиран екстракт со антиоксидантна моќ, заедно со специфични активни состојки кои се познати по нивната ефикасност, овозможуваат насочен ефект. Темните кругови и отокот се ублажуваат а фините линии се измазнуваат. Очите изгледаат добро одморени, светли и подмладени.
– Без додаден мирис.
– За сите типови кожа.
– Вегански производ.
– Погоден за употреба од бремени жени и доилки.
– Еколошко пакување! Шише со пумпа без воздух овозможува целосна употреба на производот, помалку отпад и помалку конзерванси.
– Картон со сертификат FSC, отпечатен со мастила од растително потекло.
– Може да се рециклира.
– Лесна гел-крем текстура.
Докажана ефикасност:
– 85%* велат дека нивните очи изгледаат добро одморено.
– 70%* велат дека пределот околу очите е затегнат и цврст.
– 75%* велат дека очите се посјајни, мислат дека се постигнува помалку уморен изглед, добро одморен и опуштен.
*Тестирање спроведено на 22 жени, на возраст од 19 до 59 години, под дерматолошки надзор
COSMOS ORGANIC сертифициран од ECOCERT Greenlife според стандардот COSMOS.