Fresh Kiss е сертифицирана органска паста за заштита на забите, со природен вкус на нане и органски екстракт од грозје. Нежно ги прочистува забите и ги заштитува од забен камен, кариес и дентален плак, запазувајќи го балансот на устата.
Пред да почнеме да ви кажуваме што се содржи оваа паста, најпрво да ви кажеме што се не содржи.
Нашата природна и органска паста за заби е без флуорид, сулфати, титаниум диоксид, триклосан, алуминиум, ПЕГ, парабени и без пропилен гликол.
Зошто? Затоа што сите овие состојки се под сомнеж дека се штетни, па дури и опасни по нашето здравје, па ние едноставно решивме да ги изоставиме и замениме со природни алтернативи.
Дополнително, отсуството на флуорид ја прави оваа паста за заби погодна за употреба и за вашите деца.
Нашата формула е 99,5% природна, сертифицирана органска и контролирана од Ecocert и Cosmebio и, погодете уште што? Вашите заби ќе бидат чисти, бели и заштитени од плак и бактерии.
ЗАТОА, НИЕ ВО ОВАА ПАСТА УПОТРЕБИВМЕ:
- Органско грозје, кое ги зајакнува забите и ги штити од појава на кариес, додека истовремено делува и како природна антибактериска состојка;
- Цинк цитрат, познат по успорувањето на појавата на забниот камен, го зајакнува ефектот против денталниот плак и ги штити непцата;
- Нане збогатено со ментол за ледено свеж здив, за слободно да можете да му дадете „Fresh Kiss“ на кого сакате!
АКО ЗАПАДНАВТЕ ПОД ШАРМОТ…
Добрата работа е што имаме три! Во нашата фамилија на пасти, откријте ги исто така и Bisou Givré, освежувачка паста за заби на база на органска јаболка и Minter Is Coming, паста за заби за белеење со органски лимон. Исто така добри „браќа“ во сите аспекти, но пред се со незаменливо добар состав и без контроверзни состојки!