fbpx
Добредојдовте на новиот сајт на BELLINA.
bg_image

Серум за лице за сите типови на кожа – 30 мл.

5.485,00 ден

СМИРУВАЊЕ • ЗАЈАКНУВАЊЕ
СОК ОД БРЕЗА • МАСЛО ОД ЈОЈОБА • ПРОБИОТИЦИ

Out of stock

Баркод: 4751009829821 Шифра: 001065 Категории: 3 , ,

Овој рафиниран, луксузен серум, ја поттикнува вашата кожа да го открие својот вистински потенцијал. Ставете го како слој под се останато, за ултимативна нега.

Ултра-лесната текстура веднаш се впива во кожата, а нејзина мета се црвенилата, хиперсензитивноста и нееднаквиот тен. Го балансира кожниот микробиом, намалувајќи ја појавата на исфрлања за видно подобрена состојба на текстурата и изгледот на кожата. Ја зајакнува заштитната бариера на кожата, минимизира трансепидермална загуба на вода и ја неутрализира штетата предизвикана од слободни радикали, намалувајќи ги знаците на предвремено стареење.

КОЖАТА СЕ ЗАПОЗНАВА СО БИОТЕХНОЛОГИЈАТА
Уникатна комбинација од бета-глукани од печурки, пробиотик лактобацилус лизат, провитамин Д за смирување на воспаленија и хидратантна хиалуронска киселина која и дава моќ на кожата како никогаш до сега, оставајќи го вашиот тен свиленкасто мек и мазен, поизедначен и помалку склон на иритации.

МОЈАТА КОЖА.

ПОСАМОУВЕРЕНА ОД БИЛО КОГА.

Вашата кожа е одговорна и способна да ве заштитува од надворешни влијанија. Таа е активен имунолошки орган. Модерните иритации и влијанија ги ослабуваат самостојните механизми за заштита на кожата – таа станува посензитивна и нежна, лесно иритирана, почесто се исфрла и се јавуваат знаци на стареење.

АНТИ-СЕНЗИТИВНОСТ

АНТИ-ЦРВЕНИЛА

ПОМАЛКУ ИСФРЛАЊА

СВИЛЕНКАСТА ТЕКСТУРА НА КОЖАТА
Madara Infinity Drops Immuno серумот го зголемува на капацитетот на кожата за врзување со вода, го балансира нејзиниот микробиом, ги заштитува имуноспособните клетки и го неутрализира оксидативниот стрес. На кратко, тој ја подобрува целовкупната состојба на кожата, нејзината текстура и изглед.

Главни извадоци од формулата
Бета-глукани од печурки
– Го подобруваат имунитетот на кожата

Пробиотици
– Го балансираат микробиомот, ја зајакнуваат кожната бариера

Полифеноли од мадара растение
– Неверојатна антиоксидантна активност

Хиалуронска киселина
– Хидрира, превенира трансепидермална загуба на вода

Провитамин Д
– Го спречува процесот на предвремено стареење

84% забележале свиленкаст, поеднаков тен*
4Х поголема влажност во една недела**
*Плацебо-контролирано истражување, само-еволуција, 15 волонтери
**Плацебо-контролирано ин виво истражување, резултат према нетретираната регија, 15 волонтери

УЛТРАРАФИНИРАНА ТЕКСТУРА
Замислете ја вашата кожа како долна облека – овој балансирачки серум кој ја рафинира кожата, е совршена база и почетен слој за подобрување на секоја рутина за нега на кожа.

Нанесете на чисто лице и деколте наутро и навечер. Проследете со серум и/или крема за хидратација, СПФ крема и пудра.

Погодна за него и неа; за сите типови на кожа и возрасти; а секоја рутина за нега на кожа.

betula alba (birch) juice, glycerin, coconut alkanes, cetearyl alcohol, simmondsia chinensis (jojoba) seed oil, glyceryl stearate citrate, borago officinalis (borage) seed oil, caprylic/capric triglyceride, dipalmitoyl hydroxyproline, euphrasia officinalis (eyebright) extract, ricinus communis (castor) oil, sodium pca, aqua, camellia sinensis leaf extract, usnea barbata (lichen) extract, xylityl, glucoside, titanium dioxide (ci 77891), mica ( ci 77019 ), anhydroxylitol, aroma, cellulose, rhus verniciflua (sumac) peel cera, xanthan gum, aesculus hippocastanum (horse-chestnut) seed extract, xylitol, trifolium pratense (red clover) flower extract, ascorbyl palmitate (vitamin c), tocopherol, hydrolyzed hyaluronic acid, sodium hyaluronate, potassium hydroxide, sodium phytate, ginkgo biloba (ginkgo) leaf extract, citric acid, sodium benzoate, potassium sorbate.

Некои состојки на производот можно е понекогаш да се променат/заменат/отстранат, како и самата формула на производот. Како најрелевантни секогаш земајте ги во предвид состојките наведени на самото пакување на производот.

Серум за лице за сите типови на кожа – 30 мл.
5.485,00 ден