Овој комплетно вегански балсам за усни е мешавина од органска шеа и какао путер за нега и надополнување на суви усни. Има прекрасна миризба од органско есенцијално масло од портокал.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Какао путер: Путерот од какао е богата маснотија добиена од истите зрна како и чоколадото. Тој помага да се заштити кревката кожа на усните. Омекнувачките својства на какао путерот делуваат како заштитна бариера, снабдувајќи и задржувајќи вода во усните и кожата. Какао путерот исто така содржи антиоксидантни витамини А, Ц и Е, кои ги намалуваат знаците на стареење.
Шеа путер: Шеа путерот е супер-храна за кожата кој доаѓа од семките од плодот на Шеа (Карите) дрвото и тој е природно богат со витамини А, Е и Ф. Ја снабдува кожата со есенцијални масни киселини и нутриенти неопходни за колагенско создавање. Шеа путерот се користел во Африка и во други земји со години, за подобрување на кожата и косата.
Есенцијално масло од портокал: Есенцијалното масло од портокал промовира создавање на колаген, како и зголемување на крвниот доток во кожата. Неверојатната арома на црвените портокали ги задоволува нервите, го опушта духот и предизвикува среќа.
99.00% состојки од органско потекло, 100.00% состојки од природно потекло