fbpx
Добредојдовте на новиот сајт на BELLINA.
bg_image

MAGNESIUM / ТЕСТЕР КРЕМА ЗА ЛИЦЕ – 0,7 МЛ.

25,00 ден

ХИДРАТАЦИЈА • ОМЕКНУВАЊЕ
МАГНЕЗИУМ • ХИАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА • СКВАЛАН

In stock

Баркод: N/A Шифра: 001001 Категории: 1

Како да се користи

За кожа со зголемена сензитивност.

Чувствувате нелагодност, жештина и затегнатост? Сензитивната кожа е „бунтовна“ и си бара стручна нега. „Анти-стрес“ формула, развиена од нашите „најзен“ доктори.

  • единствен бренд во светот, чии производи се истовремено 100% природни, дерматолошки и хипоалергенски
  • производи формулирани од доктори
  • погодни и комплетно безбедни за бремени жени и доилки
  • произведени во Франција
  • вегански производи


ПРИКАЗНАТА ЗА VELVETY HYDRO-BIOTIC CREAM

Речиси две третини од жените кажуваат за себе дека имаат сензитивна кожа, главно заради стресот на кожата како фактор.

Вашата кожа претставува продолжеток на вашиот мозок. Речиси 200 микроскопски нервни влакненца по см2 се распространети преку целата кожа и се поврзани со мозокот! Психолошкиот стрес или „агресијата“ врз кожата од разни козметички состојки и препарати се доволни за да предизвикаат хиперстимулација на овие влакненца, водејќи до црвенила и иритации како резултат.

Зошто тогаш да не го реплицираме ова во вид на третман? Во оваа нежна течност, ќе ја најдете елитата на „анти-стрес“ активните состојки: магнезиум и новаксилин (патент на Novexpert), кои ја намалуваат хиперактивноста на нервните влакненца за 35%. Со нанесување на третмани на база на магнезиум, вашата кожа ќе ужива во нејзините секојдневни „јога сесии“!

Бројка – 320

320 км/ч е брзината со којашто вашите нервни влакненца се поврзуваат со мозокот. Со други зборови, една многу интимна и инстантна врска.


РЕЗУЛТАТИ:

ПОУДОБНА КОЖА*

100% од волонтерите си ја забележале својата кожа како поудобна по 28 дена употреба.

ПОМЕКА КОЖА*

98% од волонтерите си ја забележале својата кожа како помека по 28 дена употреба.

ПОЗАШТИТЕНА КОЖА*

98% од волонтерите си ја забележале својата кожа како позаштитена по 28 дена употреба.

*Потрошувачки тест – 47 потрошувачи. % на задоволство по 28 дена употреба. Употреба двапати дневно.



КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете точки по целото лице и масирајте со нежни кружни движења, до целосно впивање во кожата. Мала количина од производот е доволна. Оставете простор од 5 минути по нанесувањето на кремата, пред шминкањето.

Фреквенција на употреба: еднаш или двапати дневно (наутро и/или навечер).


ШТО ДРУГО?

Во случај на изразена сувост на кожата, Novexpert ве советува да користите уште поефикасна и поделотворна рутина нанесувајќи и од серумот Booster Serum with 5 Omegas непосредно пред да се нанесе оваа крема.



СОСТОЈКИ (INCI): AQUA (WATER)°, SQUALANE°, GLYCERIN°, POLYGLYCERYL-6 DISTEARATE°, BUTYLENE GLYCOL°, OCTYLDODECANOL°, OCTYLDODECYL MYRISTATE°, BUTYROSPERMUM PARKII (SHEA) BUTTER*°, C10-18 TRIGLYCERIDES°, MACADAMIA INTEGRIFOLIA SEED OIL°, DICAPRYLYL ETHER°, CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE°, PERFUME (FRAGRANCE) °, TRIHYDROXYSTEARIN°, PALMITIC ACID°, STEARIC ACID°, MICROCRYSTALLINE CELLULOSE°, ALPHA-GLUCAN OLIGOSACCHARIDE°, GLYCERYL STEARATE°, MAGNESIUM PCA°, SODIUM HYALURONATE°, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE*°, SODIUM PCA°, CAMELINA SATIVA SEED OIL°, LACTOBACILLUS FERMENT°, SODIUM LACTATE°, ARGININE°, SACCHARIDE ISOMERATE°, XANTHAN GUM°, GLYCERYL CAPRYLATE°, SCLEROTIUM GUM°, CELLULOSE GUM°, LAMINARIA OCHROLEUCA EXTRACT°, BIOSACCHARIDE GUM-2°, TOCOPHEROL°, CITRIC ACID°, PHYTIC ACID°, SODIUM CITRATE°, HELIANTHUS ANNUUS (SUNFLOWER) SEED OIL°

*состојки од органско потекло
°100% состојки од природно потекло
12% состојки од органско потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife согласно со стандардот ECOCERT
Листата на состојки употребена во композицијата на производите од брендот Novexpert редовно се ажурираат. Пред да почнете со употреба на производ од овој бренд, ве молиме прочитајте ја листата на состојки на неговото пакување, за да се осигурате дека состојките се погодни за ваша лична употреба.
MAGNESIUM / ТЕСТЕР КРЕМА ЗА ЛИЦЕ – 0,7 МЛ.
25,00 ден