Овој нежен маслен чистач длабински, но сепак деликатно ја прочистува кожата, отстранувајќи преку топење секаков вид на шминка и креми за заштита од сонце.
Формулиран на база на нежни прочистувачки агенси, витамин Е и масла од ноќниче и бадем, овој чистач дополнително ја потхранува и омекнува кожата. Ги отстранува нечистотиите без да ја иритира кожата и без да го ослабне нејзиниот заштитен слој.
Особено погоден за сува, дехидрирана, иритирана и зрела кожа. Маслото се топи при контакт со вода, при што лесно се плакне. Ја остава кожата чиста, свиленкасто мека и потхранета.
Погоден за употреба и за пределот околу очите.
Масирајте на сува или лесно навлажнета кожа, додадете малку вода со дланките и продолжете да масирате, потоа темелно исплакнете. Продолжете со вашата редовна рутина. Погодно како прв чекор при двојно чистење.
caprylic/capric triglyceride, glycerin**, helianthusannuus seed oil*, aqua, sucrose laurate, sucrose palmitate, aroma, alcohol, tocopherol, titanium dioxide (ci 77891)****, mica (ci 77019)****, oenothera biennis oil*, prunus amygdalus dulcis oil*, glycosphingolipids, glycolipids, benzyl salicylate***, citral***, limonene***.
39% состојки од органско потекло
100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife согласно со стандардот COSMOS ORGANIC
* состојки од органско земјоделство
** создадено од органски состојки
*** од природни етерични масла
**** чисти минерални пигменти
Некои состојки на производот можно е понекогаш да се променат/заменат/отстранат, како и самата формула на производот. Како најрелевантни секогаш земајте ги во предвид состојките наведени на самото пакување на производот.