Започнете уште еден добар ден за коса со овој шампон базиран на кофеин, цинк и габи, богат со витамин за раст ниацин [B3] и пантотенска киселина [B5] од Северна Лисичарка. Го реактивира вашиот скалп и ја чисти вашата коса правејќи ја мека, мазна и волуменизирана.
– Без глутен
– Без јаткасти производи
– Без соја
Физичкиот и емоционалниот стрес, изложеноста на УВ, промената на годишните времиња, лошата исхрана, недостатокот на есенцијални хранливи материи, лошите навики за нега и стилизирање на коса – сите овие фактори негативно влијаат на растот, дебелината, отпорноста и сјајот на косата. Екстрактот од Северна Лисичарка содржи витамини за зголемување на растот – ниацин (Б3), биотин (Б7) и патотенска киселина (Б5), како и 12 амино киселини, 32 различни актиоксиданти и бета – глукани кои помагаат ефективно да се зајакне кревката, фина коса, да се неутрализира штетното влијание од околината и да се обнови природната виталност, сила и сјај на вашата коса. Со збогатување на нашите формулации со кафеин и цинк, кои ги енергизираат фоликулите и ја зголемуваат микроциркулацијата, создадовме единствен режим во 3 чекори за нега на коса за зголемен раст, за подолги, поцврсти и посјајни прамени.
– Кофеинот го стимулира растот на косата а воедно и дава волумен на косата. Го блокира DHT, хормонот одговорен за опаѓање на косата.
– Цинкот е клучен микроелемент кој обезбедува отпорност на косата и го забавува нејзиното опаѓање. Косата зрачи со здравје.
– Габите се полни со витамини Б2 и Б3. Нивното дејство ја штитат косата и обезбедуваат сјај на косата. Соединенијата на витамин Б8 го поттикнуваат растот на клетките за гломазна коса.