Ова хранливо, но лесно масло за лице од шипинка содржи природен ретинол од органска шипинка и антиоксиданти од органско арганово масло за регенерација и ревитализација на зрела и сува кожа. Органското масло од чурук храни и намалува знаци на иритација. Има деликатен мирис на ревитализирачко органско розино масло и смирувачка органска ванила.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Масло од шипинка: Шипинката е богата со есенцијални масни киселини Омега-6 и Омега-3. Маслото помага во борбата против стареење и ја одржува кожата негувана и хидрирана. Богато е со био-ретинол и помага да се поттикне клеточна обнова и подобрување на изгледот на белезите.
Арганово масло: Аргановото масло има висока концентрација на витамин Е и масни киселини, давајќи и на кожата младешки сјај. Лесно се апсорбира и хидрира. Витаминот Е и масните киселини се исто така познати по способноста да обноват оштетена кожа и да спречат понатамошно оштетување. Со помошта на моќните антиоксиданти, аргановото масло помага да се подобри еластицитетот и ја остава кожата со чувство на исполнетост и мекост.
Масло од чурук: Маслото од чурук ги содржи есенцијалните масни киселини кои ја одржуваат негата и хидратацијата на кожата. Тоа содржи антиоксиданти и витамин А, поради што со векови се користело за тремтан на атопични кожни состојби.
99.60% состојки од органско потекло, 100.00% состојки од природно потекло