fbpx
Добредојдовте на новиот сајт на BELLINA.
bg_image

Хранлива маска за лице со 5 омега киселини – 50 мл.

1.840,00 ден

Маска за лице со 5 омега киселини за потхранување и омекнување.

70 на залиха

Баркод: 3661467001671 Шифра: 001866 Категории: 1

Како да се користи

SOS маска за сува кожа!
Без разлика дали со години сте имале “крокодилска кожа” или барате третман за да се ослободите од сувата кожа по добра сесија сурфање или скијање, оваа маска за “итни случаи” е производот БАШ за таа ситуација!
– Единствен бренд во светот, чии производи се истовремено 100% природни, дерматолошки и хипоалергенски
– Производи формулирани од доктори
– Погодни и комплетно безбедни за бремени жени и доилки
– Произведени во Франција
– Вегански производи
ПРИКАЗНАТА ЗА SOS ULTRA-NOURISHING МАСКАТА
Тие што немаат сува коса не можат да разберат… но ти можеш.
Се плашите од тушот и ладното зимско време поради лицето. Ја споредувате вашата кожа со “тапан” кој е затегнат до крајната граница. Чувство кое може да стане неподносливо.
Идејата за оваа SOS нега е јасна: да ја направи вашата кожа повторно удобна. И како? Земајќи инспирација од најкревката од сите типови кожа: бебешката. Непосредно по раѓањето, тие се прекриени со кремава течност – Vernix Caseosa. Таа ја заштитува нивната кожа од надворешни агресии и спречува нејзино сушење.
Novexpert лабораториите беа инспирирани од ова чудо на природата, овој “Vernix”, за да создадат маска со перформанси како никогаш досега. Проценете сами: само после едно нанесување, вашето ниво на липиди се зголемува за 65%. Импресивно? Еден час подоцна, оваа стапка расте за речиси повеќе од 91%***. Да, неверојатно!
Оваа маска треба да се консумира без умереност за буквално “да ја заборавите” вашата кожа од претходно! Исто така е одличен сопатник за атопична кожа: повремено за време на напади на егзема, или на долга стаза како додаток за време на терапевтски третмани.
***Клинички тест спроведен од независна лабораторија – 15 волонтери – себуметриско мерење 15 минути по едно нанесување.
***Ин-витро тест спроведен на состојка од SOS Ulta-Nourishing маската.
БРОЈКА – 59%
+59% зголемување на колагенска синтеза***, изворите на вашата кожа, која и ја даваат нејзината еластичност и цврстина. Авторот на овој подвиг е Омега 7 киселината од масло од волчји трн – малку позната и ретка, но есенцијална масна киселина. Хранливо или против стареење? Во Novexpert одличивме да не бираме.
РЕЗУЛТАТИ:
ВРАТЕНА БЕБЕШКА КОЖА*
87% од волонтерите забележале дека имаат “бебешка кожа” веднаш по употребата.
ДЛАБИНСКИ И ДОЛГОТРАЈНО НЕГУВАНА КОЖА**
100% од волонтерите си ја забележале кожата длабински и долготрајно негувана по 15 дена употреба.
ПОЦВРСТА КОЖА**
100% од волонтерите си ја забележале кожата поцврста по 15 дена употреба.
*Тест спроведен од независна лабораторија – 15 волонтери – % на задоволство по прва употреба, без плакнење.
**Тест спроведен од независна лабораторија – 15 волонтери – % на задоволство по 15 дена употреба, 1-2 неделно, без плакнење.

 

Хранлива маска за лице со 5 омега киселини – 50 мл.
1.840,00 ден
Изберете ги полињата што ќе се прикажат. Другите ќе бидат скриени. Повлечете и спуштете за да го преуредите редот.
  • Слика
  • Баркод
  • Рејтинг
  • Цена
  • Залиха
  • Достапност
  • Во кошничка
  • Опис
  • Содржина
  • Тежина
  • Димензии
  • Дополнителни информации
Кликнете надвор за да ја сокриете листата за споредба
Спореди