fbpx
Добредојдовте на новиот сајт на BELLINA.
bg_image

Хранлива крема за лице со 5 омега киселини – 40 мл.

2.615,00 ден

ХИДРАТАЦИЈА • ОБНОВУВАЊЕ
5 ОМЕГА КИСЕЛИНИ • СКВАЛАН • ЦЕРАМИДИ

In stock

Баркод: 3661467001633 Шифра: 001865 Категории: 3 , ,

Еве што Novexpert направи за да ја создаде Protective Rich кремата – паметна мешавина од активни состојки инспирирани од заштитната течност на новороденчињата и петте Омега киселини. Овој уникатен балсам обезбедува непосредна удобност и долготрајна нега на кожата, се тоа без мрсен слој!

– Единствен бренд во светот, чии производи се истовремено 100% природни, дерматолошки и хипоалергенски
– Производи формулирани од доктори
– Погодни и комплетно безбедни за бремени жени и доилки
– Произведени во Франција
– Вегански производи

ПРИКАЗНАТА ЗА ОВАА КРЕМА
Дерматолозите се јасни:
Без омега киселини – овие скапоцени липиди, кожата се суши до степен на “изгорување на кожата” со дополнителното чувство на затегнатост.
Но некогаш модерниот живот ги наметнува своите граници:
– Западните диети обезбедуваат само 30% од потребните Омега киселини.
– Стресот, загадувањето и пушењето.. ги намалуваат за речиси 50%!
Додека чекате да ја промените содржината на вашата чинија, започнете со содржината на вашата туба со Novepert!

100% ПРИРОДНИ И ВЕГАНСКИ рецепти

Предјадење: Омега киселини
Направени од ретки и скапоцени зеленчукови масла (волчји трн, калинка, инка инчи..), петте Омега корисни за кожата се комбинирани:
– Омега 6 и 9 за интензивна нега
– Омега 3 за долготрајно смирување
– Омега 5 и 7 за длабинска регенерација

Главно јадење: Vernix Caseosa
Инспирарно директно од неверојатната течност која ја заштитува бебешката кожа по раѓањето (vernix caseosa), Rich Protective кремата е вистински иновативен кожурец создаден од Novexpert, базиран на растителни путери, за непосредно обвиткување на кожата.

Десерт: Коктел за против стареење
Суптилна мешавина на природни шеќери, екстракт од алги (зајакнувачи на хиалуронска киселина и колаген). На ова додадете и допир на антиоксидантен витамин… Ова го дава совршениот коктел за заштитување и измазнување на кожата, видливо уште по првиот месец

Бројка – -40%
На 50 годишна возраст, кожата веќе има изгубено околу 40% од сопствените липиди. Веднаш по нанесувањето на Rich Protective кремата, нивото на липидите се зголемува за… 88%**!
**Клинички тест спроведен од независна лабораторија – 10 волонтери – себуметриско мерење 15 минути по едно нанесување.

РЕЗУЛТАТИ:
МЕКА КОЖА*
91% од волонтерите си ја забележале кожата помека по 22 дена употреба.
ПОУДОБНА КОЖА*
95% од волонтерите си ја забележале кожата поудобна по 22 дена употреба.
ПОЦВРСТА КОЖА*
95% од волонтерите си ја забележале кожата поцврста по 22 дена употреба.
*Тест спроведен од независна лабораторија – 20 волонтери – % на задоволство под 15 дена употреба. 1 до 2 нанесувања дневно.

 

Нанесете мала количина на целото лице и масирајте со нагорни кружни движења. Мала количина од производот е доволна. Дозволете да пенетрира околу 5 минути пред да нанесете шминка. Фреквенција на употреба: 1 до 2 пати дневно (наутро и/или навечер).

ШТО ДРУГО?
За целосна програма за нега и против стареење:
Наутро, секојдневно: 2 капки од хиалуронскиот серум-бустер проследен, 5 минути подоцна, со нанесување на Rich Protective кремата.
Навечер, секојдневно: миење со маслото со 5 Омега киселини, проследено со нанесување на Rich Protective кремата.
Навечер, 2-3 пати неделно: нанесете од SOS Ultra-Nourishing маската на целото лице. Оставете најмалку 15-120 минути. Исплакнете со млака вода или отстранете го вишокот без плакнење.

AQUA (WATER)°, GLYCERIN°, PROPANEDIOL°, SIMMONDSIA CHINENSIS (JOJOBA) SEED OIL°*, SQUALANE°, CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE°, C12-16 ALCOHOLS°, BUTYROSPERMUM PARKII (SHEA) BUTTER°, PALMITIC ACID°, CETEARYL ALCOHOL°, GLYCERYL STEARATE CITRATE°, LACTOBACILLUS FERMENT°, TREHALOSE°, XYLITYLGLUCOSIDE°, PARFUM (FRAGRANCE)°, HYDROGENATED LECITHIN°, STEARIC ACID°, PLUKENETIA VOLUBILIS SEED OIL°*, CERAMIDE NP°, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE POWDER°*, HIPPOPHAE RHAMNOIDES OIL°*, ANHYDROXYLITOL°, PHYTOSPHINGOSINE°, TOCOPHEROL°, XYLITOL°, ARGININE°, MALTODEXTRIN°, LAMINARIA OCHROLEUCA EXTRACT°, XANTHAN GUM°, CITRIC ACID°, PUNICA GRANATUM SEED OIL°*, PHENETHYL ALCOHOL°, PHYTIC ACID°, VIGNA ACONITIFOLIA SEED EXTRACT°.

*28% состојки од органско потекло
°100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife согласно со стандардот COSMOS ORGANIC

Листата на состојки употребена во композицијата на производите од брендот Novexpert редовно се ажурираат. Пред да почнете со употреба на производ од овој бренд, ве молиме прочитајте ја листата на состојки на неговото пакување, за да се осигурате дека состојките се погодни за ваша лична употреба.
*Масните алкохоли се восочни состојки кои не содржат етил алкохол (ethanol).

Хранлива крема за лице со 5 омега киселини – 40 мл.
2.615,00 ден