Едноставно разновидна. Ова е специјалната карактеристика на италијанската кујна – и карактерот на нашиот нов зачин за тестенини.
Комбинацијата од италијанска класика како домат, лук и босилек со зачините црвен пипер, ловоров лист, лимон и рузмарин ја прават оваа мешавина совршено заокружување за сите медитерански рецепти. Без разлика дали е едноставен доматен сос или puttanesca, пица сос или фокача. Медитеранскиот зачин оди со сите нив.
СОВЕТ ЗА ВО КУЈНА
Италијански доматен сос – едноставно брилијантен:
Едноставно исечете мал кромид, пропржете во путер и додадете ги конзервираните домати по 2 минути. Провријте 5 минути и конечно зачинете со маслиново масло и супена лажица од зачинот за тестенини. Традиционалниот италијански доматен сос е спремен.