За кого е: За оние кои сакаат да ја осветлат уморната и безживотна кожа.
Доколку чувствувате дека на вашата безживотна кожа и е потребна помош за да стане светла и сјајна, тогаш овие три производи ќе ви помогнат да го откриете вашиот внатрешен сјај.
Нежно, но ефективно ексфолирајте со нашата Miracle маска богата со АХА киселини и Liquid Radiance – тоникот со гликолна киселина (кој содржи и екстракт од врба за да поттикне прочистување). Нашиот Bio-Retinol + C бустер богат со витамини е исто така наменет за осветлување на вашиот тен.
Сите амабалажи од Discovery сетовите се направени од целосно рециклирачки картон. Па штом ги извадите новите производи, едноставно ставете се во ваша корпа за рециклирање! Ова ги прави нашите кутии лесно решение за откривање на нова рутина на поодржлив начин.
Што има внатре?
1. MIRACLE / ЕКСФОЛИРАЧКА МАСКА ЗА ЛИЦЕ ЗА СИТЕ ТИПОВИ НА КОЖА – 30 МЛ.
Оваа вкусна маска е мешавина на 100% природни овошни киселини, вклучувајќи ја и гликолната киселина од шеќерна трска која обезбедува поисполнета и помазна кожа. Перуанската мака – антички зајакнувач на енергија, помага да се зголеми клеточната обнова и сјајот на кожата, а го намалува изгледот на стареење, додека папајата делува како природен ексфолијатор.
2. LIQUID RADIANCE / ТОНИК ЗА ЛИЦЕ СО ГЛИКОЛНА КИСЕЛИНА ЗА СИТЕ ТИПОВИ НА КОЖА – 30 МЛ.
100% природен АХА/БХА течен ексфолијатор за откривање на инстантно помазна и посветла кожа. Составен од овошни АХА киселини вклучувајќи гликолна киселина (шеќерна трска), јаболкова киселина (јаболки) и лимонска киселина (цитрусни овошја), како и БХА салицилна киселина од кора од врба. Заедно со галактоарабинанот добиен од дрвата Араш, помага да се поттикне ексфолијацијата, намалува иритација и сувост и ја подобрува текстурата на кожата.
3. BIO-RETINOL + C / BOOSTER СЕРУМ ЗА ЛИЦЕ ЗА УМОРНА КОЖА – 15 МЛ.
Нашиот Bio-Retinol + C бустер е серум за вашата кожа базиран на масло, создаден за да го подобри изгледот на уморна и безживотна кожа, и да и ја обезбеди негата која што на вашата кожа и е потребна за да изгледа сјајно.