Како да се користи
Органска црна киноа – 250 гр.
175,00 ден
Органска црна киноа
In stock
Киноата е семе без глутен, богатa со протеини и еднa од ретките растителни намирници кое содржи доволна количина од сите девет есенцијални амино киселини. Исто така, има многу повеќе растителни влакна од повеќето житарици. Киноата содржи големи количини на флавоноиди, вклучувајќи кверцетин и кемпферол. Овие се моќни растителни антиоксиданси со бројни здравствени придобивки.
Киноата е богата со растителни влакна, минерали, антиоксиданси и протеини, што ја прави да биде една од најздравите и најхранливи намирници на планетата. Го подобрува нивото на шеќер и холестерол во крвта и може да помогне во намалување на тежината.
Хранливата вредност на црната киноа е нешто слична на традиционалната киноа. Сепак, содржи повеќе протеини и растителни влакна. Освен тоа, оваа сорта киноа содржи витамин Е, железо, витамин Б, магнезиум, фосфор и цинк.
Киноата е една од најхранливите растителни намирници, која е:
– Без глутен
– Богата со протеини
– Богата со растителни влакна
– Богата со минерали и антиоксиданси
– Вкусна и лесна за подготовка
– Органски производ
Потекло: Перу.