Формулирана со смирувачки екстракт од Centella Asiatica (CICA), познат по своите извонредни хидрантни придобивки, оваа богата hydro-barrier крема веднаш ја смирува многу сувата, дехидрирана, оштетена и реактивна кожа, зајакнувајќи ја заштитната бариера и помагајќи да се врати епидермалниот баланс .
Хиалуронска киселина, смирувачки бисабобол, шеа путер за негување и обновувачките церамиди помагаат во задржување на влажноста, спречувајќи непријатност предизвикана од сувост и знаци на предвремено стареење. Го спречува чувството на затегнатост и чешање на кожата. Дава подобар изглед на тенот, истакнувајќи го здравиот сјај на вашата кожа.
СУВА КАКО ХАРТИЈА?
Дехидрираноста на кожата е состојба која се јавува без оглед на возраста и типот на кожата. Може да биде предизвикана од многу фактори – оштетување на животната средина, загадување, иритирачки производи, исхрана и стареење. Кожата што не може да задржи вода е повеќе склона на акни, што на крајот резултира со подлабоки брчки.
Многу сува, реактивна кожа, бара интензивна хидратација, обнова на кожната бариера, оклузивни состојки и ефект на моментално смирување.
ДЕРМАТОЛОШКИ ТЕСТИРАНО
Исклучително БОГАТА ТЕКСТУРА
Ултра – богатата текстура ја смирува и обвива вашата кожа во удобност и сјај. Ја зајакнува кожната бариера, формирајќи заштитен слој без да се чувствува мрсно. Ја спречува дехидрацијата, брчките предизвикани од сувост и чувството на сува, затегната кожа.
Научно докажано ја рехидрира кожата.
Ефект на моментално смирување.
- Сува, дехидрирана кожа?
- Оштетена, реактивна кожа?
- Непријатност?
ВО ФОКУС:
CICA растението
Богат со полифеноли и тритерпени, ултра-смирувачкиот екстракт од легендарното Centella Asiatica (CICA) растение, ја претвора оваа формула во ботанички центар. Неверојатниот состав на корисни активни состојки дава антиоксидантни, смирувачки и обновувачки својства. Збогатена со хиалуронска киселина, смирувачки бисаболол и екстракт од корен на Северен Божур, оваа уникатна формула рехидрира и смирува многу сува кожа, помагајќи да се подобри вашиот тен за траен сјај и заштита.